За девојката која искрено љуби и завршува со скршено срце, не предавај се никогаш

Драга прекрасна девојко, да - ти си таа.

Za-devojkata-koja-iskreno-ljubi-ne-predavaj-se-01.jpg

Немој да мислиш дека не те познавам, затоа што и јас сум како тебе. Премногу пати сум одела во твоите чевли и го знам патот. Трнлив е, груб и не е послан со рози. И точно знам како се чувствуваш.

Не слушај ги оние кои ти велат дека сакаш премногу. Не обрнувај внимание кога те убедуваат дека си премногу емоционална, старомодна, здодевна и дека има високи стандарди и бараш премногу.

Не слушај ги кога ти велат дека „мораш да се смениш“. „Премногу се вложуваш себеси“. „Задржи си ги чувствата за себе“. „Не се врзувај премногу за луѓето“.

Немој никогаш да ги послушаш, бидејќи никогаш не можеш да сакаш премногу. Твоето срце е прекрасно. Тоа е реткост, тоа е уникатно.

Сакам да знаеш дека не правиш ништо погрешно. Не си чудна. Не си ти онаа којашто е „слабак“, тие се слабите. Потајно и тие сакаат да љубат онака како што љубиш ти, но се плашат дека ќе останат повредени и дека срцето ќе им биде скршено.

Не знаат какво е чувството на чиста и искрена љубов, бидејќи никој не им покажал љубов каква што даваш ти. Не се силни како што си ти.

Ти си љубезна и сочувствителна. Го даваш своето срце, својот ум и тело на личноста која ја љубиш. Целосно се вложуваш во врската.

Никој нема право да те осудува заради начинот на кој ја покажуваш својата љубов, никогаш. Никој нема право да ти рече дека „сакам премногу“.

Себичноста е збор кој тебе ти е непознат. Кога си уморна, загрижена, па дури и тажна, ретко се фокусираш на себе. Ги имаш научено луѓето дека ти секогаш си на второ место, бидејќи ги ставаш саканите пред твоите лични потреби.

За луѓето како нас, сакањето доаѓа толку природно. Знаеме како сакаме да се однесуваат другите со нас, па не нудиме ништо помалку. Очекуваме да ни зборуваат, да нè слушаат, да ни го допрат срцето и душата на одреден начин, онака како што ние го правиме тоа.

Упорно веруваме дека доколку ги сакаме луѓето безусловно, тие ќе го направат истото за нас.

Тоа не се случува скоро никогаш.

Но, можеби тоа е знак дека некои луѓе не заслужуваат да бидат сакани на тој начин. За некои луѓе не вреди да се бориш.

Ти ги третираш луѓето со достоинство и почит, иако не ја заслужуваат твојата љубезност. Вложуваш толку многу напор да ги усреќиш другите, иако длабоко во себе си свесна дека нема да мрднат со малиот прст да ти возвратат со ронка добрина.

Често пати мислиш дека целиот свет е свртен против тебе. Мислиш дека што и да направиш – никогаш нема да е доволно добро.

Бидејќи што и да кажеш, што и да сториш, луѓето никогаш нема да се задоволни од тебе.

Дали често пати се прашуваш зошто луѓето не те разбираат? Тие не се како тебе. Нивната душа не е како твојата. Тие не ги гледаат луѓето на истиот начин како што ги гледаш ти.

Видејќи твоето срце е поинакво од нивното.

Тие немаат идеја како е да си носи товарот кој го носиш ти на своите раменици. Не знаат дека срцето ти било скршено многу пати досега и одвај си се кренала од дното, за да ги собереш и повторно да ги залепиш парчињата.

Верувај девојко дека ти си мошне специјална. Остави ги другите да мислат и да зборуваат што сакаат за тебе, но знај дека си многу повеќе од тоа.

Не дозволувај да се преиспитуваш себеси поради другите. Не дозволувај да ти ја уништат вербата и надежта.

Ти си силна, паметна и способна. Твојата потреба за љубов не е никаква слабост, таа е твојот најсилен адут.

Знај дека заслужуваш да си опкружена со луѓе коишто ќе те сакаат, ќе те третираат со љубезност и сочувство, онака како што ти тоа го правиш за другите.

Некогаш не го добиваш тоа. Почнуваш да се преиспитуваш – вреди ли?

Прифати се онаква каква што си. Не менувај се поради неколку разочарувања и неколку лоши, несреќни луѓе.

Не дозволувај сопствената љубов да те исплаши. Не го криј своето срце, бидејќи тоа е благослов, е не клетва.

Сепак, внимавај кому го подаруваш. Пронајди начин да се заштитиш себеси.

Ќе препознаеш кому вреди да му го довериш своето срце. Кој ќе те сака онака како што сакаш и заслужуваш – искрено, длабоко, бескомпромисно. Некој што ќе те цени, некој што не може да го замисли денот без тебе, некој кому твојата насмевка ќе му е една од поважните работи во животот.

И тогаш ќе сфатиш дека твојата надеж не била залудна. Твоето срце не се кршело попусто. А ти си сè ушта истата, полна љубов и разбирање. И конечно го имаш тоа и за себе.

Зарем тоа не е најубавата работа на светот? Остани силна, и знај дека не си сама…

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg