Дали да му (и) се вратите?

dali-da-mu-se-vratite-na-partnerot-povekjeБаш во моментот кога веќе сте ги исплакале сите солзи, кога сте изеле сè што ви дошло при рака, кога сте решиле дека ќе продолжите понатаму, добивате...

 

...порака што ве враќа назад на почетокот:

"Ми недостигаш. Сакам да те видам. Ајде да збориме."

И сега, што? Ако оваа личност искрено ви значи нешто, тогаш сигурно срцето ќе ви прескокне. Но, суровата реалност е дека вие веќе сте раскинале. И додека очајно со недели посакувавте да ги слушнете тие зборови, сепак враќањето во тие прегратки можеби и не е толку паметна одлука.

И покрај шансата за разврска како од приказните за Пепелашка, сепак потои веројатност дека повторно ќе бидете повредени ако трезвено не ја размислите целата ситуација во која се наоѓате.

Секако, која одлука и да ја донесете сепак влегувате во ризик.

Сепак, за да можете барем малку да го намалите овој ризик, запрашајте се:

dali-da-mu-se-vratite-na-partnerot

Зошто воопшто раскинавме?

Има ситуации во кои што воопшто не смеете ниту да помислите на смирување, а поготово во оние кога имало насилство или можеби некоја тешка зависност. Доколку неверството е причината поради која што сте раскинале, морате да одлучите дали навистина можете да поминете преку тоа.

Од друга страна пак, доколку станува збор за криза која се јавила како резултат на моментални проблеми како што се страв од долга врска или нерешена караница, тогаш можеби обновувањето на врската и не е толку добра идеја освен доколку тие проблеми сте ги оставиле во минатото.

Кој беше мојот удел? Зошто го(ја) сакам назад?

Да, можеби другиот ја зезнал работата, но запомнете за танго се потребни двајца. Пред да ја донесете одлуката размислете кој е вашиот удел во раскинувањето и дали сте спремни да го надминете тоа. Секако ова не значи дека вината треба да си ја препишете себеси, но бидете искрени и реални во согледувањето на работите. Ако целата вина ја префрлите на партнерот, тогаш ни вашето смирување нема да успее.

Ми фали таа (тој) или ми фали чувството да бидам во врска?

Некогаш се чувствувате крајно осамено кога ќе ја прекинете врската. Но, запрашајте дали навистина вас поранешниот партнер ви фали или можеби ви фали чувството да бидете во врска. Сите сакаме да ни се обрнува внимание, да бидеме сакани, да имаме со кого да гледаме убави филмови... Но, тоа не зачи дека поранешниот партнер е тој што треба да ја пополни таа празнина. Погледнете подалеку во иднината.

Што да го прашам кога ќе зборуваме?

Најверојатно, најбитното прашање што треба да го поставите е “Зошто сега?”. Што е тоа што го натерало баш во тој момент да се реши на
таков чекор. Ако тој (таа) е крив за прекин, ќе сакате добро да го (ја) ислушате што има да каже.

Што се смени за врската овој пат да функционира правилно?

Размислете како сте се однесувале во претходните врски и зошто тие пропаднале. Дали сте изневерувале? Дали лесно ви се здосадувало? Дали сте се излудувале еден со друг? Дали нешто ви сметало кај партнерот? Сте пробале ли да ги промените овие работи? Што е тоа што се сменило за овој сè да функционира правилно?

Ако веќе сте решиле повторно да бидете заедно, бидете храбри правете заеднички планови за да успеете како пар.

Но, секогаш... секогаш слушајте го гласот во себе затоа што одлуката дали да му (и) се вратите или не сепак во најголем дел ќе зависи од вашата интуиција.

И нека ви биде јасно, тој (таа) е среќникот што ќе добие уште една шанса кај вас!

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg