Ако тој e толку добар, зошто се чувствувам толку лошо?

Кога ќе го слушнете зборот злоупотреба, инстантно помислувате на физичка, па дури и сексуална злоупотреба. Многумина го занемаруваат фактот дека можете да бидете и емоционално злоупотребувани.

Ako-toj-e-tolku-dobar-zosto-se-cuvstvuvam-tolku-loso-01.jpg

Ваквиот тип на злоупотребувачи во љубовните врски и партнерства изгледаат како „добриот тип“, кој се обидува да се претстави во најдобро можно светло. Тој е прекрасен, внимателен, шармантен.

Секоја девојка би посакала момче како него, нели? Погрешно. Реалноста е дека тој е застрашувачки и манипулативен тип.

Вашата интуиција можеби ви вели да внимавате и ви навестува дека нешто сепак не е во ред, но немате сосема јасни докази, па сте во постојано себеиспитување и недоумица.

Доколку тој е навистина толку добар, зошто тогаш се чувствувате толку многу лошо?

Грубите недолични коментари и навреди го засилуваат своето темпо

Суптилниот злоупотребувач во една врска нема да започне одеднаш да излева порој од навредливи коментари и „удари под појасот“. Неговото однесување е внимателно темпирано. На почетокот е добро замаскирано, бидејќи тој не сака веднаш да го откриете неговиот лош карактер.

Тој вешто го крие гневот и фрустрациите, како и несигурностите кои вријат под навидум смирената површина.

Со текот на времето започнуваат коментарите и шегите кои од ден на ден ескалираат со својата длабочина. Она што на почетокот изгледало како обично задевање до крајот на врската се претвора во апсолутен кошмар и порој од навреди.

Доколку се обидете да го соочите со фактот дека ова однесување е недолично, тој настапува одбранбено и ве обвинува дека не умеете да прифатите шега на своја сметка.

Тогаш започнувате да се прашувате себеси – Можеби сепак претерав? Можеби не е толку голема работа што прави несолени шеги на моја сметка?

Секако дека е. Исмевајќи го начинот на кој се облекувате или шминкате, до вашиот начин на одење, работата или друштвото со пријатели… доколку му пречат сите овие работи и смета дека се смешни, тогаш зошто е со вас?

Тој е вешт манипулатор

Пред другите е одличен глумец, особено пред родителите и вашите пријатели. Пред нив ве гушка, се смешка, пристоен е, воспитан. Кога останувате на само, започнува да извира најлошото од него – станува пресметлив, ситничар и огромно злопамтило.

Сè што сте му кажале во доверба го злоупотребува против вас кога најмалку очекувате.

Никогаш не прифаќа одговорност за проблемите

Едноставно е–тој никогаш не греши. Односно, убеден е во тоа дека е безгрешен човек. Секогаш го насочува обвинувачкиот прст кон вас, истакнува колку сте неорганизирана, хаотична… навистина, права ЖЕНА сте.

И не сте виновни само вие. Виновни се неговите родители, колегата, шефот, соседот и тој што го погледнал наопаку додека купувал појадок.

Го користи хуморот како оружје

Да, тој очигледно има добра смисла за хумор, но ја користи како сурово оружје за да ве повреди.

Зошто? Бидејќи на овој начин злоупотребувачот може да се извлече со емоционална злоупотреба без грижа на совест. Неговите навреди се уредно спакувани во вид на смешки.

А тој има коментар за сè – од вашиот физички изглед, начинот на кој ја сркате супата, со вашиот карактер, сите мани и тикови. Никој не му е по ќејф – ниту семејството, ниту вашите колеги, ниту пријателите.

И секоја навреда (која практично е половина, ако не и целосна вистина) завршува со насмевка и–маче, се шегувам (не, не се шегува).

Сака да доминира

Исто како што верува дека е безгрешен, емоционалниот злоупотребувач е убеден дека знае најмногу од сите. Тој знае што е најдобро. И никој не смее да му пререче, ниту да му застане на патот.

Вие како партнерка пак најмалку. Тој е тука да ве насочува, да ви го покажува патот онака како што зацртал. За ваше добро.

Не ви дава можност да се искажете, а вашите мислења не му значат ништо. Всушност, не сте сигурни дали воопшто ве слуша во најголем дел од времето.

Доколку се пронајдовте во овие опишани ситуации, бидете свесни дека си имате работа со емоционален злоупотребувач и трпите емоционална тортура. Тој нема да се смени. Вашата љубов не е доволна да направи промена во неговиот карактер.

Тој едноставно може да ве залаже одреден временски период и да помислите дека работите тргнале на подобро, кога всушност сте заробени во една лоша, токсична врска.

Бегајте што подалеку од емоционалниот злоупотребувач. Никакво добро нема да излезе од таквата врска, освен што ќе бидете понижени, навредени и со лузни кои отсликуваат ниска самодоверба.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg