Исповед на мажи: Ситници на кои им се радуваат и заради кои сакаат да бидат во врскa
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на мажи: Ситници на кои им се радуваат и заради кои сакаат да бидат во врскa

И мажите и жените имаат работи во кои уживаат во врската, но најчесто мажите се оние кои не ги признааваат.

ispoved-na-mazhi-sitnici-na-koi-im-se-raduvaat-i-zaradi-koi-sakaat-da-bidat-vo-vrska-01.jpg

Жените почесто ги споделуваат задоволствата и работите на кои им се радуваат од врската, а мажите се воздржани и не многу возбудени.

Но, благодарение на корисниците на Reddit, може да откриеме многу работи за нив кои потајно ги посакуваат во љубовта.

Таму мажите ги искажуваат своите чувства и мислења, целосно се искрени и споделуваат најразлични искуства од животот анонимно.

Па, погледнете кои се работите заради кои мажите сакаат да бидат во врска и им се радуваат – некои многу ќе ве изненадат:

„Најдоброто нешто во врската е тоа кога чудната тишина ќе стане минато и не претставува проблем.“

„Кога одиш во ресторан и има две работи во менито кои ти се допаѓаат, па не знаеш што да одбереш, можеш да ги нарачаш и двете и да ги поделиш со девојката.“

ispoved-na-mazhi-sitnici-na-koi-im-se-raduvaat-i-zaradi-koi-sakaat-da-bidat-vo-vrska-02.jpg

„Да знаеш дека независно колку ти бил лош денот, колку луѓе те изнервирале, секогаш кога ќе си дојдеш дома има некој кој ти е поддршка. И иако ти е поддршка, сепак знае на смешен начин да ти укаже кога си виновен и ти нуди решенија.“

ispoved-na-mazhi-sitnici-na-koi-im-se-raduvaat-i-zaradi-koi-sakaat-da-bidat-vo-vrska-04.jpg

„Секогаш имаш со кој да ги правиш здодевните задачи. Како да имаш најдобар пријател кој е секогаш со тебе кога треба да ги завршуваш домашните обвркски – од перење облека до лекарски прегледи.“

„Да имаш некој (освен себеси) кој од време навреме ќе ти помогне со чистењето. Си доаѓаш дома по стресен ден и гледаш дека домот сјае и немаш никакви обврски освен да уживаш.“

„Нежна прегратка без некоја посебна причина, освен таа што и двајцата го сакате тоа.“

ispoved-na-mazhi-sitnici-na-koi-im-se-raduvaat-i-zaradi-koi-sakaat-da-bidat-vo-vrska-002.jpg

„Моментот кога имаш некој покрај себе, а можеш да бидеш целосно свој. Можеш да ја тргнеш маската за пред јавноста и да бидеш вистинскиот ти пред неа.“

„Чувството кога можеш да бидеш целосно откачен со некого. Кога правите глупави работи кои на вас ви се интересни и се забавувате.“

ispoved-na-mazhi-sitnici-na-koi-im-se-raduvaat-i-zaradi-koi-sakaat-da-bidat-vo-vrska-03.jpg

„Можеби не е којзнае што, но мене ми е омилено – кога ќе почнеш да гледаш некоја серија, ќе сфатиш дека е добра, ја прекинуваш и ја убедуваш партнерката да почне да ја гледа со тебе и се враќате од почеток да ја гледате заедно.“

„Чувството на недостиг кога сте разделени неколку дена и кога ќе се видите повторно, а вечерта ќе заспиете заедно.“

„Чувството кога ќе заспиеш во прегратка.“

ispoved-na-mazhi-sitnici-na-koi-im-se-raduvaat-i-zaradi-koi-sakaat-da-bidat-vo-vrska-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситници со кои веднаш ќе ги оттурнете мажите од вас Ако врските беа едноставни, сите ќе беа среќни и никој никогаш немаше да биде по...
Ситници кои ги прават девојките, а на мажите им го топат срцето Можеби звучи чудно, но и мажите сакаат мали гестови од своите девојки, кои ги ис...
9 тајни за мажите кои секоја жена треба да ги знае Мажите не сакаат премногу зборување за проблемите, туку најчесто веднаш се посве...