Колку време им треба на момците, а колку на девојките за да се опуштат во новата врска?

Дали знаете колку време во просек ѝ е потребно на девојка за да може да спие гола во ист кревет со новото момче? Или пак, за колку време момчето слободно ќе шета пред девојката само по долна облека?

kolku-vreme-im-treba-na-momcite-a-kolku-na-devojkite-za-da-se-opushtat-vo-novata-vrska-01.jpg

Во просек, на момците им се потребни неполни три месеци за да легнат голи покрај својата нова девојка, но нејзе ѝ се потребни најмногу четири месеци за тоа.

На девојките им се потребни 4 и пол месеци за да можат да се појават голи пред партнерот или слободно да шетаат така низ домот, но во овој поглед момците се порелаксирани и можат тоа да го направат кратко по три месеци од врската.

kolku-vreme-im-treba-na-momcite-a-kolku-na-devojkite-za-da-se-opushtat-vo-novata-vrska-02.jpg

Кога се во прашање секојдневните навики и потреби, како што се користење апаратче за избелување заби, третман против опаѓање на коса, отстранување влакна и слични, на девојките им се потребни најмалку 8 месеци, а момците се сосема во ред и по 3 и пол месеци.

Така, доаѓаме до заклучок дека мажите се тие кои полесно се опуштаат во новата врска, додека на девојките им е потребно повеќе време за тоа.

Но, од друга страна, токму жените се оние кои први ќе почнат кришум да го проверуваат мобилниот телефон на партнерот или неговите профили на социјалните мрежи.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава