Секс пози поради кои најчесто се завршува во брза помош

Иако се мошне ретки, повредите за време на интимните односи, навистина се случуваат. И не се воопшто наивни.

seks-pozi-poradi-koi-najchesto-se-zavrshuva-vo-brza-pomosh-1.png

Ова го потврдува и истражувањето на докторите од Велика Британија, чиишто резултати се објавени во списанието „Journal of Impotence Research“. Несомнено е дека одредени положби го загрозуваат интимното здравје повеќе од другите.

Врз основа на бројот на повреди што ги предизвикале кај пациентите, издвоени се најопасните пози во сексот. Истите веројатно ќе ве изненадат, но за волја на вистината, тие не се нужно и главните виновници.

seks-pozi-poradi-koi-najchesto-se-zavrshuva-vo-brza-pomosh-2.jpg

Од особена важност се и околностите, поточно ситуацијата во која се наоѓаат љубовниците, како и дали интимниот однос се одвива на некакво невообичаено место.

Комбинацијата од возбуда и нервоза, можно да се заврши со несакани последици за двајцата партнери. Од иритации заради триење, па до прилично незгодни фрактури.

А, секс позите поради кои љубовниците најчесто завршуваат во брза помош се:

Кучешка поза

Најомилената положба на многумина, воедно претставува и најопасната на листата. И тоа од повеќе причини. Пребрзата пенетрација доведува до зголемено триење, кое пак создава модринки и исеченици во вагината. 

Но, сепак на поголема опасност се изложени мажите. Според статистиките, дури 41% од повредите за време на сексот настануваат при кучешката поза. Од нив најчестата е фрактурата на пенисот, до која доаѓа поради забивање на половиот орган на погрешно место.

seks-pozi-poradi-koi-najchesto-se-zavrshuva-vo-brza-pomosh-3.jpg

Жената одозгора

Во оваа позиција, пенисот и вагината се во иста положба како и при кучешката поза, па очекувано е да дојде до слични повреди.

Покрај нив, триењето може да предизвика и болка во срамната коска кај двата партнери, а непријатното чувство да потрае некое време. Иако мажите обожаваат кога жената е одозгора, доволно е само едно погрешно движење, за обајцата да ги доведе до долга апстиненција од интимни односи.

seks-pozi-poradi-koi-najchesto-se-zavrshuva-vo-brza-pomosh-4.jpg

Стоечки секс

За партнерите кои не љубители на класичното водење љубов во постела, или, пак, само дента се посебно игриви, сексот во стоечка позиција се чини како вистински предизвик. И навистина е така.

Двојно потежок и покомплициран е за изведба, па иако не доведува до фрактури при самиот однос, како ни повреди поради триењето, истите може да настанат и oд паѓање на подот. А, доколку сексот подолго трае, болките во мускулите се загарантирани следниот ден.

seks-pozi-poradi-koi-najchesto-se-zavrshuva-vo-brza-pomosh-5.jpg

Поза 69

Покрај опасноста од загризување на гениталиите при изведбата на оваа поза, важно е да се напомене и дека таа најчесто доведува до појава на конјуктивитис или ткн. „розово око“.

seks-pozi-poradi-koi-najchesto-se-zavrshuva-vo-brza-pomosh-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg