8 знаци дека не го познавате партнерот толку добро како што си замислувате

Врската ви е прекрасна, поминувате интересно исполнето заедничко време, уживате во романсата, но не сте сигурни дали знаете доволно за вашиот партнер.

9-znaci-deka-ne-go-poznavate-partnerot-tolku-dobro-kako-shto-si-zamisluvate-01.jpg

Тоа може да биде голем проблем, бидејќи да бидете поврзани со некого целосно, значи да го разбирате целосно, како и тој вас.

За да се согласувате комплетно и работите во иднина да одат како што треба, важно е да се познавате добро, а некогаш може и да не сте свесни дека не знаете доволно за партнерот.

Доколку не сте сигурни или пак, мислите дека добро го познавате, следниве знаци ќе ве уверат во спротивното:

- Никогаш не сте ги запознале сите пријатели со кои се дружи, туку само дел

- Има многу интереси и хобија во кои не сте вклучени, ниту пак сте запознаени со нив целосно

- Не зборува за начинот на воспитување, за детството и семејството

- Никогаш не сте се справиле со некоја посериозна криза каде се откриваат вистинските намери

- Не знаете како  и каде ги троши парите, а ниту од каде ги заработува сите

- Не ги знаете конкретните планови кои ги има за иднината

- Никогаш не разговарате на сериозни теми и кои се ставовите за политичка ситуација и слично

- Мислите дека вашиот партнер е совршен – а, секој има недостатоци и добро е да ги знаете

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава