Женски ерогени зони кои мажите не смее да ги занемарат

За време на предиграта и сексот, највеќе внимание се посветува на гениталиите. Но, ако претерано се фокусирате на нив, тогаш се губи разноликоста и неискористениот потенцијал на остатокот од телото.

zhenski-erogeni-zoni-koi-mazhite-ne-smee-da-gi-zanemarat1.jpg

Ова посебно се однесува за женското тело, кое припадниците на посилниот пол треба малку подобро да го истражат и стимулираат.

Ерогените зони не се наоѓаат само околу гениталиите, туку претставуваат било кој дел што може сексуално да ја возбуди партнерката при допир. 

zhenski-erogeni-zoni-koi-mazhite-ne-smee-da-gi-zanemarat-2.jpg

Тие може да се пронајдат во речиси сите предели од телото, а се разликуваат од личност до личност. Па, пред да стигнете до конечната цел, помислете и на попатните станици на задоволството.

Ова се женските ерогени зони кои мажите не смее да ги занемарат:

Усни

Високата сензитивност и многубројните нервни завршетоци во усните и устата, овозможуваат завидно ниво на стимулација преку бакнежот. Интимноста секако може да започне со варијација помеѓу нежни и нешто постраствени бакнежи. 

zhenski-erogeni-zoni-koi-mazhite-ne-smee-da-gi-zanemarat-3.jpg

Стомак

Кога е стомакот во прашање, дразбата е различна од личност до личност. Меѓутоа, има потенцијал да доведе до возбуда, бидејќи претставува точка на ранливост. Дозволувајќи му на партнерот да посвети внимание на овој дел од телото, покажувате доверба која е предуслов за сензуално искуство.

Уши

Можеби звучи чудно податокот дека и преку ушите може да се стигне до возбудување. Но, дури и скептиците ќе го променат мислењето, откако партнерот нежно ќе им го грицне долниот дел од ушната школка. Причината е големиот проток на крв, поради што доаѓа до изразена осетливост.

zhenski-erogeni-zoni-koi-mazhite-ne-smee-da-gi-zanemarat-4.jpg

Бутови

Бутовите исто така имаат потенцијал на ерогени зони. Тие не се баш чувствителни како ушните школки, ама бакнежите и милувањата во внатрешниот дел, може да бидат суптилен вовед во конечното посветување внимание на гениталиите.

Стапала

Околу стапалата постојат поделени мислења. Додека едни воопшто не ги сакаат, другите навистина ги возбудуваат. Може да почнете со лесна масажа, а потоа да се фокусирате на прстите поединечно. Се разбира – само ако тоа на вашата партнерка ѝ годи.

zhenski-erogeni-zoni-koi-mazhite-ne-smee-da-gi-zanemarat-5.jpg

Брадавици

Неспорно е дека мажите ги обожаваат женските гради. Неизбежно и ќе ги стимулираат. Нивната сензитивност се разликува помеѓу жените. Затоа партнерот може да се примени разни потези за милување, бакнување или грицкање, трагајќи по идеалниот одговор на телото.

Вулва

Пред било каква пенетрација, треба да се искористи сиот потенцијал што го нуди вулвата, односно надворешниот дел на вагината. Преку умерена стимулација со јазикот, пенисот, или, пак, некоја секси играчка, жената може да се опушти и дополнително да се возбуди.

zhenski-erogeni-zoni-koi-mazhite-ne-smee-da-gi-zanemarat-6.jpg

Клиторис

Поради огромниот број на нервни завршетоци, ова е дефинитивно најосетливиот дел од женското тело. Неговата стимулација се чини како задолжителен дел од сексот. Сепак, понекогаш се заборава до колкаво задоволство може да доведе, доколку се посвети повеќе внимание на клиторисот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg