11 карактеристики на мажите кои се неочекувано привлечни за жените

7. Хуморот сè уште владее.

Дали хуморот е помалку ценет во однос на другите квалитети? Истражувањата велат дека не е така. Напротив. Пронаоѓањето партнер кој ќе знае да ги насмее, дефинитивно е важно за мноштво девојки.

Трипати е поголема веројатноста жената да му даде телефонски број на мажот што ѝ изнудил насмевка на лицето, одошто на ликот што не успеал да биде духовит.

Покрај тоа што се забавни, припадничките на понежниот пол ги доживуваат комичните мажи како подруштвени, поинтелигентни и попаметни.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-10.jpg

8. И лошиот вид е неодолив.

Диоптерските очила беа долго време само „униформа на бубалиците“. Но, денес нештата се променети. Сега и бубалица е позитивен комлимент, додека очилата се дел од атрактивна униформа.

Според резултатите од истражувањата, жените ги сметаат мажите кои носат очила за поинтелигентни, а воедно и попривлечни.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-11.jpg

9. Сопствениците на кучиња се необјасниво секси.

Науката уште се труди да докаже, зошто мажите кои поседуваат куче, делуваат исклучително привлечно за девојките. Има низа претпоставки на оваа тема.

Една од нив е дека сопственикот на миленик е очигледно способен да води грижа за туѓите потреби. Тоа е исто така инхерентно доминантен чин – што само им додава на сексапил во женските очи.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-12.jpg

10. Алтруизмот е денеска во мода.

Несебичното помагање на другите, без никакви очекувања, или, пак, желба за награда, претставува магична особина. Буквално поседува моќ да го претвори и непривлечниот лик во атрактивен фраер, за што сведочат и мноштвото направени истражувања и анкети.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-13.jpg

11. Брадата е магнет за бакнежи.

Некогаш се веруваше дека привлечноста, или, пак, одбивноста на брадестите типови, најмногу зависи од менструалниот циклус на жената. Но, тоа е минато, потврдуваат последните истражувања.

Направен е експеримент, каде на испитанички од понежниот пол  им се прикажувани фотографии од момци кои се тазе бричени, со дводневна брада, па двонеделна брада, како и голема брада.

Најлошо оценети биле оние без или со брада од неколку дена. Од друга страна, мажите со полна брада добиле висока оценка. Освен за атрактивни, жените ги перцепираат и како подобри татковци, кои можат да си го заштитат потомството, односно ќе инвестираат во нив. Исто така, ги доживуваат како поздрави и помажествени.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-14.jpg

M. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg