11 карактеристики на мажите кои се неочекувано привлечни за жените

Дали некогаш сте се запрашале зошто ја љубите саканата личност? Науката посочува еден куп психолошки причини кои се заслужни за заљубеноста на луѓето. А, некои од нив се навистина необични и необјасниви.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-2.png

Човекот е чудно суштество – и тоа е вистина. А, стануваме уште почудни, кога малку подлабоко ќе загребеме до она што нè привлекува.

Општо познато е дека вкусовите на двата пола се разликуваат како денот и ноќта. Кои машки црти се посебно атрактивни во женските очи? Направени се мноштво истражувања, чии резултати веројатно ќе ве изненадат. 

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-3.jpg

Ова се единаесетте карактеристики на мажите кои се неочекувано привлечни за жените:

1. Лошите момци се минато.

Не тврдиме дека тие се непривлечни. Меѓутоа, дали жените навистина сакаат бунтовници без причина? Спротивно на митот дека девојките паѓаат на лоши момци, најновите истражувања го докажуваат спротивното.

Откриено е дека двете најпосакувани машки карактеристики се верноста и лојалноста. И, ова не е ништо шокантно. Меѓутоа, дури 67 проценти од испитаничките одговориле дека ги возбудуваат љубезните фраери.

Зошто? Бидејќи љубезноста вдахнува доверба, посочуваат резултатите од научната студија.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-4.jpg

2. Бурмата има посебен ефект.

Неодамна спроведеното американско истражување, пак, открива дека 90% од девојките кои не се во врска, покажале интерес за маж - во врска. Откако дознале дека истиот е зафатен, 59 проценти од испитаничките се изјасниле дека им е привлечен.

И второто истражување потврдува дека жените ги копираат желбите на другите жени, дури и кога се фраерите во прашање. Оженетите мажи ги сметаат за пољубезни и поверни партнери, односно подобри татковци.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-5.jpg

3. Добриот татко краде срца.

Според истражувањата, петтата најпосакувана особина кај мажите е да се добри татковци. Вака одговориле 51 процент од испитаните жени. Во овој случај, тоа не значи дека мора веќе да има деца, туку да е потенцијално добар татко.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-6.jpg

4. Вишокот килограми додава на шарм.

Жените не се „палат“ само на потенцијални или самохрани татковци. Тие се заинтересирани и за мажите со пивско стомаче. Според едно истражување, 7 од 10 испитанички истакнале дека ги привлекува кога дечкото има некое кило повеќе – па дури и десетина.

Ако се прашувате зошто е така, веднаш следува и одговорот. 78 проценти од жените ги сметаат мажите со поголем стомак за посамоуверени. Поточно, изјавиле дека им е привлечно што тие добро се чувствуваат во своја кожа.

Мажите со стомак им се омилени на мајките. 83 проценти од жените со деца истакнале дека се горди што се омажени за полничок тип.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-7.jpg

5. Убавиот збор е мелем за уши.

Сите познаваме личности кои секогаш зборуваат, а никогаш и ништо паметно не кажуваат. Замислете си да живеете покрај таква личност?! Можеби не сте размислувале за добриот говор како атрактивен машки квалитет, но сигурно сте приметиле како некој може да ве „удави“ со глупави приказни.

Во тој контекст, истражување од 2016 година открива дека вештината за убаво изразување навистина влијае на привлечноста. Елоквентноста укажува на повисок општествен статус, начитаност, па дури и способност за подобра заработка.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-8.jpg

6. Големината е важна.

Пред да помислите на нешто сосема друго, веднаш да разјасниме дека станува збор за платата. Една од пет жени смета дека деловниот успех се вбројува во најдобрите квалитети кои партнерот може да ги поседува.

Нема сомнеж дека способноста за работа, односно потенцијалот за заработка, подеднакво ги привлекува жените.

mashki-crti-koi-se-neochekuvano-privlechni-vo-zhenskite-ochi-9.jpeg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Што ја намалува желбата за секс кај жените, а што кај мажите? (18+) Кај жените, сексуалноста главно се одвива во главата. Доколку во мислите и понат...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
Што мразат жените во кревет и уште 6 прашања за сексот што мажите се плашат да ги постават (18+) Дали жените уживаат во орален секс, зошто тешко доживуваат оргазам и дали чувств...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg