Зошто паровите раскинуваат, иако сè уште се сакаат?

Сте имале ли досега толку болно раскинување – да ве остави некој или да оставите некого кој сè уште го сакате? Тогаш се слуша најтажната реченица: „Те сакам, но…“.

Zosto-nekoi-parovi-raskinuvaat-iako-se-uste-se-sakaat-01.jpg

За жал, понекогаш животот е премногу комплициран, а љубовта неретко не може да ги победи сите препреки.

Psychology Today истакнува дека ваквите сценарија се случуваат најмногу заради 2 причини:

ТЕ САКАМ, НО НЕ ДОВОЛНО

Романтичната љубов не е сè или ништо, таа може да биде присутна во различен степен кај паровите.

Кај некои е застапена до определен степен и врската може да потрае неколку недели, или месеци, кои сепак се недоволни за одржување на долгорочна љубов.

Најчести изговори за прекинување на врската:

  • „Запознав друг/а“.
  • „Во минатото сакав некого многу повеќе отколку што те сакам тебе“.
  • „Убаво ми е со тебе, но не гледам никаква долгорочна иднина за нас“.
  • „Супер ми е во кревет со тебе, но не те чувствувам како пријател“.
  • „Ние сме одлични пријатели, но не и компатибилни сексуални партнери“.
  • „Имаш премногу недостатоци кои ме спречуваат да имам доверба во тебе и да се чувствувам смирено“.
  • „Не можам да ти ја дадам љубовта која ја заслужуваш“.

Овие изговори најчесто укажуваат на понизок степен на љубов и се поврзани со (двосмислени) изјави: Те сакам, но не сум заљубен во тебе.

Тоа е реченицата која ставила точка на многу врски и бракови. Во ваквите заедници постои одреден степен на љубов – но тој е недоволен, барем во споредба со другите достапни опции.

Zosto-nekoi-parovi-raskinuvaat-iako-se-uste-se-sakaat-02.jpg

ТЕ САКАМ, НО НЕ МОЖАМ ДА ЖИВЕАМ СО ТЕБЕ

Врските на долги патеки секогаш треба да го имаат предвид фактот дека не секој ден е мед и млеко во врската и постојат премногу неромантични ситуации и денови.

Да се сака некого никогаш не е доволен или одлучувачки фактор за успешен живот со него.

Да се живее заедно и да се основа семејство подразбира љубов, но и многу повеќе од тоа.

Потребно е неверојатно трпение, разбирање и компромис, со цел партнерите да си помогнат меѓусебно и да ги пребродат сите лоши моменти.

Најчести изговори во ваквите ситуации:

  • „Не можам да напредувам покрај тебе, бидејќи не ме поттикнуваш да бидам најдобар/најдобра што можам“.
  • „Не можам да ти помогнам да напредуваш, напротив, останувањето со мене ќе го стагнира твојот успех и напредок“.
  • „Не сме еден за друг“.
  • „Не си добар татко и сопруг (мајка и сопруга), иако си добар љубовник/добра љубовница“.

Во овие врски најчесто има доволно љубов за долг временски период, но не и за траен заеднички живот. Луѓето понекогаш повеќе сакаат успех во кариерата и животот општо, отколку во љубовта.

Еве еден пример од реалниот живот–мажена жена која изјавила дека многу го сакала својот сопруг, но нешто секогаш недостасувало во нивниот однос, причина поради која се одлучила за развод.

„Сè беше во ред со него, но сепак чувствував дека самоисполнувањето не е, ниту пак ќе биде дел од мојот живот. Не е дека тој го спречуваше тоа, туку едноставно не го извлекуваше најдоброто од мене. Со сегашниот сопруг се расправаме многу, но ја чувствувам неговата длабока страст и способност да го поттикне најдоброто во мене“.

Оваа жена одлучила да го изгуби својот прв сопруг, со цел да не се изгуби самата себе.

Zosto-nekoi-parovi-raskinuvaat-iako-se-uste-se-sakaat-03.jpg

ДАЛИ ЉУБОВТА Е ДОВОЛНА?

Романтичната љубов има многу позитивно влијание врз животот кое се одразува во вид на среќа и здравје. За некои луѓе, тоа е „моторчето“ кое го придвижува животот.

Меѓутоа, на луѓето генерално им е потребно многу повеќе од само љубов.

Со цел љубовта да напредува и да издржи, треба да имаме генерално добар живот, односно среќа и во другите аспекти во животот.

Кога ќе пронајдете романтична љубов, таа може да придонесе да се чувствувате дека сте успешни и на многу други полиња во животот. Но, понекогаш љубовта и животот доаѓаат во судир.

Поради тоа, ред е да се запрашаме: Што е поважно – животот или љубовта? Тоа може да претставува навистина тежок избор. Некој може да го жртвува животот за љубовта, а од друга страна, други одбираат да ја жртвуваат љубовта за животот.

Во најголем дел луѓето носат одлуки кои се наоѓаат некаде помеѓу двете важни нешта. Таа одлука сепак зависи од степенот на љубовта, животните околности и степенот на раздор помеѓу партнерите кои диктираат точно каде завршувате на скалата помеѓу љубовта од една и животот од друга страна.

Кога интензивната желба се перципира како сржта на романтичната љубов, раздорот помеѓу љубовта и животот расте. Таквата желба обично трае кратко и нејзиниот интензитет избледува со текот на времето.

Животот, напротив, трае многу долго. Љубовникот не може да биде слеп за животот и сите други желби, а љубовта (спротивно на бајките) не победува секогаш на крајот. Во секој случај, љубовта колку и да е моќна, не може да го замени животот.

Кога љубовта и животот се во судир, најчесто губи љубовта, особено кога се темели на интензивна желба.

На долги патеки, кога љубовниците ја негуваат врската меѓу нив и прават работи кои им овозможуваат да напредуваат заедно, но и поединечно, таа љубов се одржува и со тек на времето се засилува и зголемува.

Кој е крајниот заклучок на оваа тема?

Иако романтичната љубов е исклучително важна за нашата среќа и трансформирањето, љубовта не е ниту нужна, ниту пак доволна за среќен и успешен живот. Како што претпоставувате, љубовта не претставува сè во животот.

Доколку љубовта не може да ги задоволи сите наши потреби и не е единственото што ни е потребно во животот, сосема разумно е зошто некои луѓе се решаваат да ги остават своите партнери, без оглед што чувствувале одреден степен на љубов во врската.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg