Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Kaков е реално сексуалниот живот на мажите во 40-тите?

Во дваесеттите и триесеттите години, припадниците на посилниот пол се повеќе фокусирани на квантитетот, одошто квалитетот во постелата. А, каква им е навистина интимата во средното доба?

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-1.png

Многумина се прашуваат како се менува сексот на луѓето, зависно од различните фази на животот во кои се наоѓаат.

Честопати и научниците се љубопитни на оваа тема, а едно од поновите истражувања е концентрирано исклучиво на мажите во средните четириесетти години.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-2.jpg

Кога се припадниците на посилниот пол во прашање, досегашните испитувања јасно покажуваат дека тие се полово најмоќни и најактивни на возраст од 20 до 30 години. Кон средината на петтата деценија, пак, мнозинството мажи почнуваат да имаат проблеми со потенцијата.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-3.jpg

Од друга страна, четириесеттите се годините кога мноштво партнери стануваат прељубници.

Ова го потврдуваат и резултатите од научната студија, според кои 40% од мажите, ама и жените, неверни се во тоа животно доба. Изневеруваат дури и тие кои изјавиле дека се среќни во брак.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-4.jpg

Околу 25 проценти од мажите, како главна причина за прељубатата ги наведуваат брачните проблеми, наспроти 48% од жените. Највеќе шанси да завршат во прегратките на љубовница имаат мажите кои се во долгогодишен брак, а претходно немале голем број на сексуални партнерки.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-5.jpg

Воедно, потврдено е и дека во четириесеттите години, како мажите, така и жените, поретко имаат интимни односи.

Сепак, за разлика од дваесеттите и триесеттите, тогаш сексот им е поквалитетен.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-6.jpg

Податоците од опсежното истражување, со кое биле опфатени 12.354 мажи на возраст од 45 години, откриваат низа детали за нивниот сексуален живот. Своите први искуства, повеќето испитаници ги имале на 18 години. Мнозинството до 45-тата година спиеле во просек со десет жени.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-7.jpg

Една четвртина од мажите биле во стабилна врска, со времетраење од пет до десет години, додека половина од нив живееле со партнерката.

Што се однесува до „праксата“ во кревет, класичниот вагинален секс се наоѓа на прво место со 98%, по што следува оралниот со 60%.

kakov-e-realno-seksualniot-zhivot-na-mazhite-vo-40-tite-8.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg