Брачни тајни кои никогаш не треба да ги споделувате со никого

Убаво е да се имаат пријатели од доверба, но некои нешта од брачниот живот сепак треба да останат во домот и не треба да ги знае дури ниту најдобриот пријател или пријателка.

brachni-tajni-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-spodeluvate-so-nikogo-01.jpg

Ова се неколку брачни моменти кои е најдобро да ги задржите меѓу вас и брачниот партнер:

1. Брачниот партнер прави будала од себе

Некогаш е добро да се пожалите на пријателите, но треба да запрете секогаш кога ќе ви дојде да кажете погрдно име за оној со кого сте во брак.

Лутината ќе ви помине и иако вие ќе заборавите што сте кажале во афект, вашите пријатели нема да го заборават тоа.

2. Колку заработува секој од вас

Платите треба да бидат домашна тајна, исто како и тоа зошто уште сте под кирија и немате свој автомобил, или пак имате два. Многу е лесно погрешно да бидете проценети.

Понекогаш токму сумата може да биде причина вашите пријатели да се чувствуваат помалку или повеќе вредни, па односот да се расипе.

brachni-tajni-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-spodeluvate-so-nikogo-02.jpg

3. Кои ваши пријатели партнерот не ги сака

За ова треба да ја држите устата затворена секогаш. Ако на вашата пријателка не ѝ се допаѓа вашиот сопруг и ако тоа е обострано, држете ја таа информација за себе. Каква и да е ситуацијата, молчете.

4. Детали од сексуалниот живот

Иако во друштво често се зборува за секс, со самото тоа што сте во брак и делите спална се подразбира и дека сте интимни со партнерот.

Деталите се само за во спалната соба, а на пријателите никогаш не им изнесувајте информации за прекарите кои си ги давате, ниту пак за што било друго.

brachni-tajni-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-spodeluvate-so-nikogo-03.jpg

5. Дали имате долгови и колкави се

Без разлика дали се работи за рата за стан, за автомобил или пак за тековни трошоци, секое семејство има некои долгови. Финансиските разговори се тешки, па затоа треба да бидат зачувани само во домот.

6. Дали би спиеле со некој друг и со кого

Нормално е да имате фантазии, но не и да ги споделувате со другите. Таа информација лесно може да биде кажана и да ви биде непријатно и пред партнерот и пред таа личност.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg