Секс со нов партнер

seks-so-nov-partner-povekjeСексот е важен дел од врската. За да функционира како што треба мора да се потрудите малку повеќе и вие и партнерот. А, кога веќе се решавате на секс со...

 

...нов партнер, ова се 6 работи кои треба да ги имате на ум:

seks-so-nov-partner

1. Немојте да се плашите. Никогаш нека не ви биде страв од вашиот лош настап или неисполнување на очекувањата на вашиот партнер. Ако пред идниот партнер или партнерка сте нервозни и загрижени, дел од овие чувства ќе се пренесат и на него/неа и убавата романтична вечер може да се претвори во кошмар.

2. Не навлегувајте предлабоко во чашата. Со чашка или две, нема да ви биде ништо. Но, ако претерате со алкохолот партнерот може да помисли дека трезни не би отишле со него/неа во кревет. Освен тоа, на нетабилни нозе, стаклени очи и здив на алкохол баш и нема да делувате најпривлечно.

3. Не очекувајте премногу. Првиот секс со нов партнер е наменет за запознавање и истражување, како и за докажување на вештините во креветот. Ако некои нешта ви оделе добро со бившите не значи дека ќе одат добро и сега, но тоа не значи дека не сте добри сексуални партнери еден за друг. Некои едноставно требаат повеќе време за да се вклопат во креветот.

4. Не брзајте. Иако сте подготвени за дива страст однесувајте се контролирано. Своите најдлабоки фантазии сочувајте ги за подоцна. Треба да се запознаете пред да ги извадите вашите еротски помагала од плакарот. Чисто да не бидете погрешно сфатени.

5. Не го споменувајте минатото. Вашите минати искуства сочувајте си ги за вас. Нема потреба од споредби. Концентрирајте се на моментот и погрижете се личноста пред вас да се чувствува посебно.

6. Не заборавајте на заштита. Да се скокне во кревет со некој чие минато не го знаете може да биде мошне несигурно. Симптомите на бројните полово преносливи болести се тешко препознатливи, затоа не заборавајте на контрацепцијата.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg