Те пуштам да си одиш и не постои ништо што можеш да сториш околу тоа

te-pushtam-da-si-odish-i-ne-postoi-nishto-shto-mozhesh-da-storish-okolu-toa-01.jpg

Конечно дојде време да престанам да си правам рани себеси и да се откажам од сè што ми причинуваше болка во последниве неколку години. Веќе цела година трпеливо чекав да сфатиш што сакаш и да почнеш да работиш на тоа да се подобрат работите меѓу нас.

Но, готова сум. Иако знам дека ќе ме боли, готова сум. Те пуштам да си одиш затоа што не можам повеќе да си го правам ова на себе. Не можам да си вршам тортура обидувајќи се да одржам еднонасочна врска.

Затоа што ти не си личност што ќе биде тука за мене. Не си личност што ќе ми го чува грбот. Ти си некој кој постојано ме остава на цедило. Ти си некој кој никогаш не се држи до ветеното. И јас сум уморна. Не можам да поднесам повеќе.

Уморна сум од тоа постојано да заминуваш и да се враќаш во мојот живот. Извини, повеќе не ти е дозволен пристап во мојот живот.

Иако те сакам, научив како да се сакам себеси повторно, нешто што го заборавив одамна.

Давав и давав и давав и ти никогаш не ми врати. Беше болен и истоштувачки процес и исплашена сум. Исплашена сум дека повеќе ќе немам што да дадам некому затоа што ти ме остави празна.

Ми беше сè. И ми беше потребно пеколно многу храброст за конечно да си признаам дека морам да те пуштам да си одиш и да се грижам за себе, затоа што ти никогаш нема да го направиш тоа.

Не можам да крвавам повеќе. Не можам да продолжам да се повредувам. Не можам.

Се изгубив во процесот на сакање и морам да се пронајдам повторно. Си го должам тоа себеси. Ми се крши срцето кога ќе се потсетам каква ведра и оптимистична жена бев некогаш и во какво тажно и огорчено суштество се претворив.

Не ми е грижа колку долго ќе ми биде потребно, но ќе ја пронајдам повторно таа прекрасна жена во мене. Ќе станам таа жена повторно.

Да пуштиш некој што го сакаш е најтешката работа во животот. Но, уште потешко е да сфатиш дека таа личност никогаш нема да те сака и да те третира на начинот на кој сакаш да бидеш сакана и третирана.

Заслужувам да бидам среќна, сакана и да имам некој кој вистински се грижи за мене. Некој за чија љубов нема да бидам несигурна. Некој кој сака да биде со мене сега, а не за неколку седмици или месеци. СЕГА!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg