Исповед: „Зошто мојата сопруга ми е поважна од моите деца?“

Мајк и Кристин се 17 години во брак и одгледуваат 8 посвоени деца, но и покрај тоа, бракот знаат да го стават на прво место и да најдат време за нив двајца.

ispoved-zoshto-mojata-sopruga-mi-e-povazhna-od-moite-deca-01.jpg

Иако за многумина тоа е себично, затоа што повеќето сметаат дека децата треба да бидат пред сè, овој пар не размислува така.

Мајк Бери во неговиот  блог објаснува зошто неговата сопруга му е поважна од децата и зошто секое семејство треба да се води според таа логика.

Со оглед на тоа што се постојано зафатени, тие поминуваат многу време со децата, но имаат едно правило - по 21 часот, децата одат во соба, а тие одвојуваат време само за нив двајца. 

„Искрено, го следиме ова правило колку што памтам за нас. Родители смe 15 години и децата никогаш не ни го одземале целото време. Мојата сопруга и јас поминуваме многу време со децата, но никогаш 24/7. Ги сакаме нашите деца и секако, имаат огромна улога во нашиот живот. Секогаш можат да се потпрат на нас и да ја добијат нашата помош и поддршка.“

ispoved-zoshto-mojata-sopruga-mi-e-povazhna-od-moite-deca-02.jpg

Но, тие не го посветуваат целиот живот на децата и знаат како да најдат време за нив двајца за да го одржат бракот силен и здрав.

Постојат неколку причини зошто е тоа важно, а еве 4 од нив:

1. Здравиот брак е камен темелник на домот.

Децата не се камен-темелникот на семејството. Тие се дел од основата и играат голема улога во структурата, но не се главната работа која го одржува овој прекрасен, но хаотичен неред заедно.

Тоа сте вие – вие и вашата сопруга, вие и вашиот сопруг, вие и вашиот партнер. Ваша одговорност е да го водите семејството и вашиот дом. Вашите деца гледаат од вас насока и пример и затоа мора да се држите заедно.

ispoved-zoshto-mojata-sopruga-mi-e-povazhna-od-moite-deca-03.jpg

2. Пред НИВ, бевме НИЕ.

Пред тие да постојат во нашиот живот, бевме само ние двајца. Се заљубивме, бегавме од часови заедно, зборувавме на телефон по цела вечер и потоа одлучивме да бидеме засекогаш заедно.

Ние бевме почетокот. Потоа овие прекрасни деца дојдоа. И преблагодарни сме што дојдоа бидејќи ни го исполнија животот со радост. Но, нашата заедница е света. Со сета наша моќ мора да ја штитиме нашата светост.

ispoved-zoshto-mojata-sopruga-mi-e-povazhna-od-moite-deca-04.jpg

3. После НИВ, ќе бидеме НИЕ.

Ништо не трае вечно. Нашите сакани ќе пораснат и ќе се иселат од нашето гнездо во одреден момент. Не знам за вас, но во мојот подрум нема место за 30-годишо дете.

Откако ќе се впуштат во светот, независни, ќе живеат сами, ќе одгледуваат свое семејство и ќе бидат личностите кои треба да бидат, тогаш ние двајца пак ќе биде НИЕ.

А, ние сакаме да имаме добар и здрав однос, и да бидеме исто толку посветени и обврзани како пред да го започнеме ова семејно патување.

За да бидеме сигурно дека идните НИЕ ќе бидат заштитени, мора НИЕ да се ставиме на прво место денес. Секако, не е воопшто лесно...

ispoved-zoshto-mojata-sopruga-mi-e-povazhna-od-moite-deca-06.jpg

4. Мора да поставиме иден пример

Како што напоменав, децата гледаат и учат од нас. Тие прават што правиме ние и ни го набљудуваат секој чекор за да знаат како треба да го живат нивниот живот.

Не знам за вас, но сакам моите деца да пораснат со нормално гледиште кон врските – излегувањето, веридба или брак.

Сакам нашиот здрав брак да им даде добро мислење за тоа што е брак и како треба да изгледа.

Затоа ја ставам мојата сопруга на прво место, а нив на второ. Второто е многу блиску до првото, но сепак второ.

Мора да се справите со тоа. Им требате на вашите деца и тие се важни. По вашиот партнер, тие доаѓаат следни. Не пријателите, не кариерата, не хобито. Децата.

И мора да се грижите за нив. Но грижете се прво и за бракот.

ispoved-zoshto-mojata-sopruga-mi-e-povazhna-od-moite-deca-05.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава