Не е работа на жената да го направи мажот подобро човечко суштество

Зошто од жените се очекува да останат во проблемите со мажите и да им помагаат да пораснат, а мажите по автоматизам бегаат од проблематични жени? Зарем жените се должни да го прават ова?

ne-e-rabota-na-zhenata-da-go-napravi-mazhot-podobro-chovechko-sushtestvo-01.jpg

Аријана Гранде со години се обидуваше да му помогне на Мек Милер и, откако не успеа, го продолжи животот без него. Потоа, тој почина од предозирање, а многумина ја обвинија дека го напуштила во најтешкото.

Вакви обвинувања се упатувани во текот на годините на многу познати, но и анонимни жени. Но, зошто имаме очекувања дека жените треба емоционално да се грижат за мажите?

Ако маж остави жена што се соочува со проблеми за него се вели дека „имал среќа, избегнал куршум“, без разлика дали станува збор за жена што се соочува со финансиски проблеми, насилство, здравствени, ментални проблеми.

ne-e-rabota-na-zhenata-da-go-napravi-mazhot-podobro-chovechko-sushtestvo-03.jpg

Но, кога е женската издржливост во прашање тогаш таа е очекувана. Сите очекуваат жената да остане со мажот во неговите проблематични години и тоа се романтизира, а жената се смета за лојална. Лојалноста како по автоматизам да се очекува од жените, а тие мора да издржат бури за мажот да си го изведе животот на правиот пат.

Мажите кои остануваат со проблематични жени се реткост, но жените кои остануваат со проблематични мажи се секојдневие. И во ретките случаи кога ќе соберат храброст да си отидат, како што е случајот со Аријана, потоа тие жени се опсипувани со омраза и обвинувања како го оставиле мажот на „цедило“.

ne-e-rabota-na-zhenata-da-go-napravi-mazhot-podobro-chovechko-sushtestvo-04.jpg

Општеството очекува многу поголема одговорност од жените и секогаш тие се преиспитуваат. Како одговорноста за врската или бракот да опстане по автоматизам да е само во рацете на жените.

Жените треба да ги поправаат проблемите, да прават сè за заедницата да опстане и да го претвораат мажот во подобра личност. Зошто постојано жените треба да ги советуваат отворено, да говорат за нивните проблеми и да ги тераат да пораснат? Апсурдна тактика е глумењето на жртви на мажите за жените да се чувствуваат виновно и како резултат на тоа да останат во нефункционална врска.

ne-e-rabota-na-zhenata-da-go-napravi-mazhot-podobro-chovechko-sushtestvo-02.jpg

Ако жените постојано треба да се грижат за некој, кога некој ќе се грижи за нив? Тие навистина не се рехабилитационен центар и понекогаш навистина се уморни од сè.

Прочитајте и „Жалам што не можев да ти ја поправам болката. Навистина сакав“ – Аријана Гранде по смртта на бившото момче!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg