Низ илустрации: Како флертуваат низ 7 различни земји во светот?

Колку повеќе земји и култури – толку повеќе начини на флертување, потврдуваат илустрациите во прдолжение.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-001.jpg

Некаде разликите се драстични, некаде работите се многу слични како кај нас, некаде се цени искреноста и брзото зближување, додека на други места воздржаноста е поголем флертувачки знак, наместо допирот.

Како се флертува низ 7 различни земји во светот?

Во Франција: Многу хумор и спонтаност

Користат многу локални фрази кои само тие си ги разбираат, разговараат за ситни и навидум неважни работи како времето, бојата на облеката која се носи и колку е прекрасно кафето.

Дозволено е да ја поканите личноста која ви се допаѓа на кафе и кроасан, но не и во паб – таму е прегласно за разговор. Дозволен е и бакнеж на образот.

Не смеете да разговарате за бившите или пак колку деца сакате во блиска иднина. Исто така, забрането е да ја прашате личноста колку заработува, освен ако самата не каже.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-1.jpg

Во Шпанија: Суптилен пристап

Во Шпанија суптилните и елегантни комплименти и коментари се ценат. Исто така, како позитивен знак е барањето на социјални мрежи.

Дозволено е да покажете интерес за приватниот живот и работата на личноста. Но, како непристојно се смета прегрнувањето и поздравувањето со раце. Исто така, одбивно е ако се зборува за бившите и политичката состојба.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-2.jpg

Во Германија: Покажување на индивидуалноста

Во Германија се флертува така што се разговара за темите кои ја подигнуваат општата свест, како и креативноста. Исто така, ако мажот ѝ даде комплимент на жената, а таа гласно се насмевне, тоа е знак дека не го сфаќа сериозно.

Дозволено е да бидете искрени и само искрени. Секој интерес надвор од секојдневието, како хоби или интерес во полето на литературата, уметноста, е исклучително привлечен.

Од друга страна, не смее да разговарате за бившите, религијата и политиката.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-3.jpg

Во Јапонија: Сè се одвива бавно и полека

Секое флертување во Јапонија се одвива бавно. Прво се гради пријателска врска, па потоа комуникацијата се префрла на социјалните мрежи.

Кога се среќаваат во живо, во Јапонија мора да се покаже почит. Се ценат долгите разговори и љубовни состаноци на кои се дискутира со часови.

Допирот е забранет на првиот состанок, секако без дозвола. Исто така, темите кои навлегуваат во интимата се забранети.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-4.jpg

Во Шведска: Се цени практичноста

Во Шведска површното флертување е надминато. Се цени практичноста и забележувањето на деталите. Комплиментот за бојата на очите ќе се прифати со потсмев, додека комплиментот за одреден украс или накит се смета за одличен.

Состаноците се одвиваат во кафуле, каде може да се разговара и смее да се поставуваат лични прашања и прашања околу најмалите ситници кои ќе ви паднат во очи.

Забрането е инсистирање да ја платите целата сметка.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-5.jpg

Во Италија: Физичка близина

За Италијанците, физичката близина е пресудна. Храбри се при флертувањето и не се плашат да ги покажат емоциите. Сакаат да претеруваат со комплименти од типот „Ти си најубавото нешто што сум го видел/а во животот.“

Дозволено е да се интересирате за приватниот живот и работата, а комплиментите упатени на физичкиот изглед се секогаш плус.

Не смее да разговарате за претходните врски и да кажете дека живеете со вашите родители.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-6.jpg

Во Русија: Романтични разговори

Русите се за романтика во големи количини. Сакаат да поставуваат прашања кои ќе ви ја заскокоткаат душата, поврзана со приватниот живот, интересите и личностите во вашиот живот.

Дозволени се комплименти, неочекувани (пристојни) допири, како и мали подароци во знак да внимание.

Забранети се клише фрази и хумор кој може да ја навреди другата личност.

niz-ilustracii-kako-flertuvaat-niz-7-razlicni-zemji-vo-svetot-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава