Кога ја игнорираш, само ја учиш како да живее без тебе

Глумењето тежок за освојување, односно дека колку мажот е подалечен и понезаинтересиран толку повеќе жената ќе се опседнува со него, е мит.

koga-ja-ignorirash-samo-ja-uchish-kako-da-zivee-bez-tebe-01.jpg

Многу мажи сè уште веруваат дека на овој начин ќе ги постигнат посакуваните резултати. Мислат дека ако ја игнорираат, таа ќе ги брка повеќе. Некои мажи дури веруваат дека ако ја третираат жената лошо, таа ќе им понуди повеќе љубов и внимание.

Па, многу мажи забораваат дека овие манипулативни тактики може да функционираат кај неискусни девојки, а никогаш кај вистински жени.

Вистинската жена знае што сака. Таа е исполнета и нема време за игри. Ако си подготвен да бидеш искрен со неа, да ја сакаш и да ја третираш на вистинскиот начин, таа ќе го стори истото за тебе. Од друга страна, ако забележи дека не си искрен и сериозен со неа, таа ќе си замине од тебе без двоумење.

Затоа што таа знае дека кога вистински сакаш некого дека не можеш да го игнорираш. Вистинската жена сака да биде сакана и постојано да биде опсипувана со внимание. Сака да биде сигурна дека ѝ го чуваш грбот и дека може да смета на тебе секогаш. Ако не ѝ го даваш тоа што ѝ е потребно ќе си замине. Едноставно е.

Исто така, некои мажи мислат дека во врските е добро да не се откриваат вистинските емоции. Забораваат дека базата на врската е искреноста. А вистинската жена ја цени многу искреноста. Таа знае дека не може да има вистинска интимност со неискрен партнер.

Па, мажи ако сакате да имате вистинска жена покрај себе, посветете ѝ се. Бидете внимателни, сакајте ја, обрнувајте ѝ внимание. И секогаш, апсолутно секогаш третирајте ја со почит.

Само со ваков третман таа може да се вљуби во вас и тоа да биде почеток на прекрасна врска, базирана на доверба, љубов и разбирање.

Извор

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg