Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 знаци по кои ќе препознаете дека сте зависни од токсични врски

Не, не сте магнет за токсични луѓе, туку во голем дел влијае тоа што сте на некој начин зависни од нив и желбата да ги изведете на прав пат.

5-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-ste-zavisni-od-toksichni-vrski-01.jpg

Всушност, се работи за многу покомплицирана потсвесна појава поради која сте склони кон полошиот избор, а оној кој е очигледно подобар или го избегнувате, или го уништувате.

Ваквата појава ја има и во пријателствата, но многу почеста е при љубовните врски. Најчеста причина е стравот од напуштање кој ве „вшмукува“ во токсични врски и отровни човечки планови.

Затоа што, многу полесно е да бидете напуштени од некој кој е очигледно лош за вас, отколку да замине оној кој е добра личност која ја сакате со целото срце.

Затоа, ги правите следниве нешта:

1. Избирате што помалку пристапни партнери

Позаинтересирани сте за оние кои веќе се во врска, во брак, кои имаат полн распоред во текот на денот, кои покажуваат помалку интерес за вас и не можете да го контролирате нагонот да „врзете“ до себе некој кој се чини како недостижен.

5-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-ste-zavisni-od-toksichni-vrski-02.jpg

2. Се „палите“ на туѓата несигурност

Кога ќе забележите дека некој е несигурен или страда од некаков комплекс, кај вас се вклучува родителскиот нагон и сакате да ја заштитите таа личност. Ваквиот потег е многу контрадикторен од повеќе аспекти, а веројатно воопшто и не се работи за љубов.

3. Бегате од оние кои се заинтересирани за вас

Кога некој ќе покаже интерес за вас, вие едноставно сте способни да претрчате патеки и прескокнете планини. Дури ни самите не можете да си објасните зошто тоа го правите, бидејќи сте свесни дека се работи за личност која сака да биде со вас и се грижи за вас.

5-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-ste-zavisni-od-toksichni-vrski-03.jpg

4. Не можете да ја најдете вистинската личност

Уште од детството се обидувате да ја најдете личноста која е делот што недостига од вашата животна сложувалка, но не успевате во тоа. Вистината е дека во меѓувреме трошите многу време „ловејќи“ некој кој ви се чини како вистински избор, но кој воопшто не е тоа.

5. Потрагата ве прави среќни

Поудобно ви е да сте во пасивна потрага по личноста за вас, отколку да ја прифатите онаа која ви се нуди самата себе на тацна. Ваквата состојба лачи хормони на возбуда и задоволсво, а по некое време сосема сте среќни со својата пасивна потрага и не сакате ништо на светот да ви ја наруши.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
2 работи кои им се најважни на луѓето во љубовната врска (за да останат до крајот на животот) Ниту изгледот, ниту лудата авантура... Што е клучно за луѓето да бидат среќни и ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
10 работи кои (изненадувачки) голем број луѓе ги кријат од своите љубовни партнери Понекогаш партнерите кријат болни искуства и трауми од минатото за да се заштита...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg