Зошто сме зависни од нездрави врски?

Секој од нас имал барем една нездрава врска во својот живот. Прашањето е, зошто се чувствуваме толку комфорно со нашите лоши избори?

zoshto-sme-zavisni-od-nezdravi-vrski-01.jpg

Без разлика дали се работи за љубовна врска, пријателство, работен однос или однос кон храната или парите, секој има болно искуство кое и понатаму остава трага која тешко зараснува.

Сите сакаме успех и среќа, но секогаш нешто ни недостига. Ако имаме убава врска, можеби немаме доволно пари или пак, успешна кариера, а во реалноста премалку пријатели. Затоа и не треба да судиме, бидејќи не знаеме што се случува во животот на другиот.

zoshto-sme-zavisni-od-nezdravi-vrski-02.jpg

Една од најчестите аномалии на човечкото битие е тенденцијата да се „занимаваме“ со нешта кои не се во наш најдобар интерес. На пример, јадење лоша храна, дружење со лоши луѓе или предолго гледање телевизија.

Точно, на секого му треба ден за „мамење“, но тоа може да повлече и многу проблеми, како и физички и ментални последици.

Преголемата толеранција кон отровните врски во вашиот живот треба да се ограничи. Точно е, дури и кога сте свесни за нивната штетност, тие грешни нешта се толку добри.

zoshto-sme-zavisni-od-nezdravi-vrski-03.jpg

На пример, знаеме дека алкохолот, десертите и калоричната храна не се добри за нас, но не можеме да се откажеме. Слично е и со луѓето, бидејќи во нас се јавува инстинктот да ги спасуваме, а со тоа и да ја задоволиме нашата анксиозна потреба некој да зависи од нас.

Не сме зависни само од она што го гледаме како успех или награда, туку и од емотивниот ролеркостер кој се случува во нашето тело кога свесно правиме нешто за кое знаеме дека е погрешно. Тоа е она што нè прави зависни од ваквите односи.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg