7 нешта што се случуваат кога сте во емоционално насилна врска

Кога се работи за насилство во врска или брак, тогаш прва асоцијација ни се физички удари и модринки, но ретко кој се присетува дека насилството може да биде и ментално.

7-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-ste-vo-emocionalno-nasilna-vrska-01.jpg

Емоционалното насилство може да трае долг период и жртвата да не ни забележи дека тоа ѝ се случува. Затоа, колку и да сте вљубени, отворете очи и следете го секој потег на партнерот.

Емоционалните насилници ќе користат деградирање, заплашување, манипулација, критики, обвинувања и сите други можни средства, само да направат другиот да се чувствува понижено. Најлошото е што се способни да убедат дека тоа го прават од љубов.

Внимавајте, бидејќи кога ќе се освестите што ви се случува, може да биде многу доцна:

1. Се срамите да бидете свои

Кога постојано сте критикувани и понижувани, почнувате да верувате во тоа и да мислите дека сте личност која е лоша, но сепак среќна бидејќи има некој покрај себе. Ако партнерот прави да се чувствувате лошо, непосакувано, па дури и виновно поради себе, тогаш тоа е првиот знак дека ви врши емоционално насилство.

7-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-ste-vo-emocionalno-nasilna-vrska-02.jpg

2. Се сомневате во својот здрав разум

Иако сте сигурни дека сте сосема во ред, некои постапки на партнерот прават да се запрашате дали сте вие нормална личност. Ова уште повеќе прави да се срамите од себе.

3. Партнерот ве сака само за себе

Можеби ви се чини слатко и наивно што сака да останете дома со него, наместо да се дружите со пријателите, но намерата воопшто не е романтична. Најчесто, сака да ве има само за себе дури и по цена да ги изгубите сите други од животот.

4. Чувствувате дека немате контрола врз својот живот

Партнерот ви уфрла прашања во врска со облеката која ја носите, изборот на храна, изборот на пријатели и на слободни активности и вие чувствувате потреба да се оправдате. Тоа воопшто не е здраво, бидејќи иако треба и двајцата да сте во ред со личните избори, некои нешта треба да останат само ваши.

7-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-ste-vo-emocionalno-nasilna-vrska-03.jpg

5. Ви вели дека само тој/таа ве разбира

Партнерот ве уверува дека е единствен на светот кој има разбирање за вас, праќајќи ви порака со тоа дека другите баш и не би сакале да ве дружат. Внимавајте, не подлегнувајте на оваа лукава игра.

6. Никогаш не знаете како да постапите бидејќи не знаете како е расположен/а

Еден ден е романтичен, но наредниот ден е ужасен. Вие не знаете како да пристапите ниту постапите, бидејќи не можете да предвидите кое расположение ќе го истури врз вас. Всушност, никогаш не сте опуштени во врската.

7. Се мразите што не враќате со иста мерка

Ако сте свесни што ви се случува, но немате храброст да вратите, тогаш проблемот веќе земал голем замав. Ја мразите својата слабост и неспособност да одговорите соодветно, а тоа преминува во константно обвинување на себе, без да преземете никаков конкретен чекор.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg