Секој маж ги посакува овие 7 работи во врската, иако нема да ви признае

Љубовната врска мора да биде исполнителна за двајцата партнери кои се инволвирани во неа. Во спротивно, таа има ограничен рок на траење. 

Sekoj-maz-gi-posakuva-ovie-7-raboti-vo-vrskata-01.jpg

Генерално, мажите не зборуваат многу за своите чувства, па тоа најчесто ги збунува жените.

Што всушност бараат мажите во една врска? Доколку вашиот одговор е само секс, искрено се лажете.

Ова се 7 работи кои ги посакува секој маж во врската, иако ретко кој отворено ќе ги признае:

Сака да бидете среќна

Доколку вистински ве сака, мажот ќе направи сè што е во негова моќ да ве усреќи. Доколку се чувствувате несреќно и го гледате партнерот како паничи, направете му услуга и кажете му што ве мачи. Дотогаш, тој ќе си ја удира главата од ѕидот во обид да открие како може да ви ја врати насмевката на лицето.

Сака да пројавите интерес за работите кои му се битни

Секако, не мора по секоја цена да се обидувате да станете одличен скијач или да седнете со него и да ги изгледате сите спортски натпревари.

Но, кога тој страсно ви зборува за работи кои нему му се битни без разлика дали станува збор за работа, спорт или некое хоби, тогаш обрнете внимание и сослушајте го. Никој не сака да води монолози сам со себе.

Сака да преземете иницијатива за секс

Не постои маж кој не смета дека ова не е привлечна особина кај жената. Мажите едноставно сакаат кога жената ја презема иницијативата за секс и која има целосна контрола над нештата. Ова е веројатно еден од ретките моменти кога уживаат некој да им наредува и да ги контролира.

Сака да му оддадете признание

Особено во јавност, пред другите блиски луѓе коишто му значат. Можеби е тешко да се поверува, но и мажите исто како и жените сакаат јавни пофалби и признанија.

Од комплименти кои се однесуваат на надворешниот изглед, до неговите способности и работни капацитети, секој маж сака да му се оддаде признание за квалитетите кои ги поседува.

Сака да има слободно време без никој да го вознемирува

Наспроти популарното убедување дека партнерите треба да се залепени еден за друг како сијамски близнаци, и мажите и жените си ја ценат слободата и секој посакува малку време за себе.

Одвојте си време за себе и дозволете му на партнерот да ужива во неговото слободно време без да го вознемирувате на секои 5 минути. Ќе ви биде благодарен, а и вие ќе си поминете убаво.

Сака да имате доверба во него

Ништо не може да ја потресе врската толку многу како недовербата. Безбројни се врските што се распаднале, само затоа што партнерот нема доверба во другиот. Запрашајте се – зошто би биле со некого доколку не му верувате?

Предајте се со целото срце, не оставајте место за сомнеж и параноја, особено доколку немате никаква причина за вакво однесување.

Сака да го почитувате

Секој маж сака да знае дека е неопходен, битен и секако, дека има некакво влијание врз одлуките коишто ги носите. Секогаш земајте ги неговите забелешки предвид.

Сепак, не сте сами, туку сте двајца кои ја сочинуваат врската. Секогаш давајте му ја почитта којашто ја заслужува.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg