5 нешта кои ќе ти покажат дека не го сакаш него, туку идејата за него

„Дали го сакам него или само идејата за него?“ Со самото тоа што веќе си го поставивте ова прашање, одговорот е повеќе од јасен.

5-neshta-koi-kje-ti-pokazhat-deka-ne-go-sakash-nego-tuku-idejata-za-nego-01.jpg

Но, додека да стигнете до прашањето, многу е тешко да се направи јасна разлика дали некого сакате или само ви се допаѓа неговото постоење.

Ако сте збунети околу ова, следниве пет знаци ќе ви помогнат да препознаете што точно ви се случува:

1. Се обидувате да пополните празнина

Барањето на сродна душа не секогаш оди лесно како што сме си замислиле. Во меѓувреме, се запознавате и состанувате со многу луѓе, постигнувате одредено ниво на блискост и интимност, но сè уште се чувствувате како само да е тоа тело кое е физички до вас.

Ви треба ли потврда од некој друг дека сте привлечни и вредите? Или можеби само го пополнувате своето време? Ако на таа личност гледате како шанса да го пополни она што ви недостига, многу е веројатно дека сте вљубени во идејата дека е покрај вас, отколку што сте реално среќни поради тоа.

2. Повеќе време заедно е помало уживање за вас

Во првиот момент на искри и емоции мислите дека можете да го поминете целиот живот со таа личност. Но, како што поминува времето, сфаќате дека и не уживате толку многу во заедничките моменти и дека сепак, не буди силни емоции во вас.

Ова е знак дека ви се допаѓа идејата за таа личност, но не и реалната ситуација во која вие всушност, навистина поминувате време заедно. Затоа што, повеќе ви се допаѓа да одите во маркет сами, отколку да излезете со него.

5-neshta-koi-kje-ti-pokazhat-deka-ne-go-sakash-nego-tuku-idejata-za-nego-02.jpg

3. Не можете да ги надминете несовршеностите

Секако, ниту вие, ниту кој било друг е совршен како личност. Но, кога навистина сте вљубени во некого, тогаш ги занемарувате несовршеностите и преминувате лесно преку нив, претворајќи ги во уникатни квалитети.

Но, ако во овој случај дури и ги преувеличувате мааните, расчистете најпрво со себе, дали имате реални очекувања и планови со оваа личност или се враќате на една од претходните две точки.

4. Не чувствувате дека ве комплетира како личност

Ако вашиот партнер не ги исполни очекувањата, односно вие не се чувствувате така, колку тој и да се труди, постои голема шанса дека сте само „залетани“, но не и вљубени. Кога сте со некој во кого сте навистина заљубени, ја чувствувате исполнетоста на емоционално ниво.

Ако има пречки, ако самите се спречувате да се впуштите подлабоко или чувствувате дека нешто ве враќа наназад, запрете за момент. Да, треба да се чувствувате комплетно како индивидуа, но ако сте во врска, треба да биде така и со партнерот.

5. Потсвесно очекувате тие да ги завршат сите работи

Врските се работа на двајцата, но ако само седите настрана и чекате другиот да се потруди и да поработи на заедничката среќа, тогаш реалноста е дека ниту самите не сакате да вложувате во тој однос.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg