5 работи треба да се премолчат во врската

Во секоја врска е важно да се биде искрен, бидејќи комуникацијата игра клучна улога во односите. Но, тоа не значи дека треба да ги кажувате сите работи.

5-raboti-treba-da-se-premolchat-vo-vrskata-001.jpg

Некои работи и информации можат да му наштетат на вашиот партнер, како и на вашиот однос. На пример, не треба секогаш да зборувате дека не ви се допаѓаат неговите родители, не треба да го споредувате со бившиот партнер или да се однесувате како да е помалку способен од вас.

Понекогаш е подобро за сите, некои работи да ги премолчите, доколку можете и сакате...

Не ми се допаѓаат твоите родители

Како и во секоја врска треба да знаете кога нешто не треба да кажете. Особено чувствителна тема се родителите на партнерот. Ако му кажете дека не ви се допаѓаат неговата мајка или татко, тоа само ќе создаде непотребни тензии меѓу вас.

Пријател во кој сте биле вљубени

Ако сте уште во контакт со овој пријател, не треба да му кажувате на вашиот партнер дека сте биле вљубени во него. Оваа информација може да создаде љубомора или параноја од страна на вашиот партнер.

Мојот бивши партнер би го направил ова на поинаков начин

Во ред е да зборувате за претходни искуства, односи и врски со партнерот, но треба да ја знаете и границата. Вашиот нов партнер не мора да ги знае сите детали од вашата претходна врска, а во никој случај не е препорачливо да се споредуваат партнерите. Со ова можете само да создадете тензија и чувство на помала вредност.

Број на сексуални партнери

Најдобро е да не го спомнувате бројот на вашите сексуални партнери. Разговорот за тоа може да предизвика непријатност во односите, па дури и да го присили партнерот да го промени мислењето. Ова вообичаено е последица на стравот дека партнерот не е доволно искусен во тоа поле.

Работи на кои не можете да влијаете

Губење на косата, висината или влакнестоста се работи на кои не може да се влијае и подобро е да не се зборува на оваа тема. Поради ова партнерот може да помисли дека сакате да го промените, дека не ве привлекува или дека не е доволно добар за вас.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg