Како да си ја уништите љубовната врска во 4 чекори?


Како да си ја уништите љубовната врска во 4 чекори?

Со тек на време во љубовните врски се развиваат шеми на однесување, и истите може да бидат здрави или нездрави, односно да ви помогнат да предвидите дали врската ќе трае или е осудена на пропаст.

Kako da si ja unistite vrskata vo 4 cekori 01

Главниот проблем е тоа што луѓето многу лесно паѓаат во оваа замка, бидејќи нашите мозоци сакаат рутини и навики. Врските на почетокот се доста романтични, и само ретко се појавуваат знаци на дисфункција.

Додека ги препознаете, најверојатно ќе помине долго време и ќе бидете длабоко навлезени во врската, односно во момент кога е тешко да се постават граници и да ги сопрете нештата да се одвиваат во погрешна насока.

Важно е да знаете кое однесување е погрешно, за да може веднаш да го забележите. Ова се четирите постапки кои ако постојано се повторуваат во врската таа со сигурност нема да потрае.

Ги чувате чувствата за себе за доброто на врската

Отворената комуникација е суштина на секоја здрава врска, и ако сакате таа да трае, последно нешто што треба да направите е да ги криете своите чувства и очекувања. Ова може да придонесе да се воспостави динамика во врската во која вашиот партнер ја има моќта во врската.

Очекувате партнерот да ве „поправи“ или дополни

Секој од нас носи свој багаж од минатото, но никој нема магично стапче за да направи тоа да исчезне. Вашиот партнер нема како да ве поправи, тој е тука само за да ве поддржи и да сподели.

Не смеете да барате да направи повеќе, особено не кога се работи за проблеми кои се таложеле со години, кога тој се уште не бил присутен во вашиот живот. Само вие самите може вистински и целосно да се поправите себеси.

Мислите дека партнерот може да предвиди што ќе кажете или направите

Кога ќе стигнете до одредена точка во врската и ќе се релаксирате во врската со партнерот, може да се случи да се почувствувате како да имате право да го третирате поинаку. Односно, да помислите дека имате способност да го контролирате - да ги предвидите неговите зборови или реакции.

Често ваквите претпоставки се рефлексија на тоа како вие сакате да реагира вашиот партнер. Имајте на ум дека тој е своја личност и не може да го контролирате неговото однесување.

Се карате за работи кои нема да бидат важни во блиска иднина

Расправиите што се случуваат без посебна причина се одговор на прашањето зошто толку врски се распаѓаат. Ако расправиите и караниците натежнуваат повеќе од среќните и убави моменти, дефинитивно имате проблем што може да доведе до катастрофа.

Пред да го обвините партнерот за нешто, размислете дали тоа ќе биде важно 10 години од сега. Ако одговорот е не, тогаш заборавете.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако ја сакаш, не ја уништувај Сакам да се присетиш како изгледаше таа првиот пат кога ја здогледа… Ти доaѓа ли...
5 прашања чии одговори ќе го лоцираат проблемот во љубовната врска Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот, лоцирањето на пр...
Како да го држите партнерот настрана од семејните проблеми? Кога сте во врска, сосема нормално е да споделувате многу аспекти од животот со ...