7 грешки во врските кои не смеат да се прават по првата година

Секој почеток е тежок и тоа важи и за врските, бидејќи тие се засноваат на меѓусебен личен однос меѓу две личности, кои се романтично заинтересирани една за друга, а до пред извесно време можеби не се ни знаеле.

7-greshki-vo-vrskite-koi-ne-smeat-da-se-pravat-po-prvata-godina-01.jpg

Затоа, грешките во таквите врски се и повеќе од очекувани, особено во првите месеци. Но, како што мине времето, нивниот број треба да се намалува и постепено да исчезнуваат. Сепак, некои парови не ја учат лекцијата дури ни по една година, па губат време еден со друг и вложуваат во нешто што нема иднина.

Ова се седум грешки кои не би смееле да ги правите по првата година од врската:

Воздржување од емоции

Една година сигурно е доволен период за да бидете сигурни што чувствувате кон партнерот, но и тој кон вас. Секој сака да се чувствува сакан, па затоа не чувајте ги емоциите во себе. Нормално е да ги имате и да ги искажувате.

Заборавање датуми

Годишнината од врската и роденденот на партнерот се датуми кои морате да ги памтите. Опционално, во зависност од карактерите на двајцата може да ги памтите и запознавањето, првиот бакнеж, првиот секс...

7-greshki-vo-vrskite-koi-ne-smeat-da-se-pravat-po-prvata-godina-02.jpg

Да претерувате со љубомора

По една година врска очекувано е да знаете да ја контролирате својата љубомора, дури и кога имате силна причина за тоа. Не однесувајте се детинесто и решавајте ги проблемите како возрасни.

Гушење на лутината

Караниците се нормални и е сосема во ред да бидете лути на партнерот, дури и неколку дена. Соочете се со својата лутина и искажете ја, за полесно да ја надминете.

Да инсистирате на тешки разговори

Некогаш сакате да знаете нешто сега и веднаш, но ако другата страна не се чувствува исто, тогаш не треба да инсистирате на темата. Веќе треба да ви е јасно дека ако вршите притисок, тој може да има целосно спротивен ефект.

7-greshki-vo-vrskite-koi-ne-smeat-da-se-pravat-po-prvata-godina-03.jpg

Да мислите дека партнерот е безгрешен

Нормално е кога некого сакате, да го идеализирате малку повеќе од нормално. Но, не претерувајте со изјавите дека сте во врска со прекрасна личност на која ѝ верувате, особено не во контекст на фалење пред други.

Небезбедност кога сте со партнерот

Ако партнерот не ви влева доверба и се чувствувате небезбедно покрај него, што всушност барате веќе една година со него?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg