Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Духовна привлечност - феномен на неописливо чувство на духовна поврзаност

Духовна привлечност најлесно може да се опише како неописливо чувство дека познаваме некој, иако штотуку се запознавме. Силна, малку ирационална, дури и застрашувачка привлечност кон некоја личност може да нè изненади, бидејќи никој свесно не размислува за тоа. Овие работи едноставно се случуваат на духовно ниво. Можеби би било подобро да се каже дека се препознаваме, а не запознаваме.

Duhovna privlecnost fenomen na neopislivo cuvstvo na duhovna povrzanost 01

Оваа привлечност може да се манифестира или да се измеша со романтичната или сексуалната привлечност. Како нешто во нас да нè поттикнува да се поврземе со оваа личност. Чувствуваме поврзаност со некој на многу длабоко, мистериозно ниво, иако не можеме да го објасниме.

Какви околности можат да предизвикаат ваква поврзаност?

Кога зборуваме за препознавање, чувствуваме дека некоја личност веќе одамна ја познаваме. Ако ја прифатиме идејата дека душите живеат низ неколку животи, тогаш можеби на духовното ниво ќе го пронајдеме одговорот на ова прашање.

Духовниот партнер би бил некој кој има слични идеали и вредности во голем број различни области. Доколку сакаме да звучиме романтично, духовната поврзаност можеме да ја споредиме со „сродната душа“.

Поврзаноста може да се почувствува и во привлечноста кон луѓето со сличната енергетска вибрација. Нè привлекуваат луѓе кои зрачат со енергија, а кога оваа енергија има слична вибрација се чувствуваме пријатно. Во суштина, нè привлекуваат луѓе со енергија каква би сакале да ја имаме или која ни е потребна.

Duhovna privlecnost fenomen na neopislivo cuvstvo na duhovna povrzanost 02

Духовната поврзаност не е секогаш меѓусебна. Понекогаш во луѓето го препознаваме она што го сакавме кај некој друг. Нè потсетуваат на некоја личност што ја сакавме, бидејќи го имаме познатото чувство кое ни дава сигурност.

Како да ја препознаеме духовната поврзаност?

Многу луѓе се прашуваат како ќе ја знаат разликата меѓу вистинската духовна поврзаност и обична поврзаност.

Духовно поврзани парови обично делат карактеристики како: искреност, емпатија, меѓусебно почитување, благодарност, уникатна интеракција, отворена комуникација, значајни разговори, интимен сексуален живот, автономија и безусловна љубов.

Duhovna privlecnost fenomen na neopislivo cuvstvo na duhovna povrzanost 03

Се верува дека постојат три заблуди, кога станува збор за духовната поврзаност и т.н. сродни души.

1.Нечија сродна душа е еднаква со нашата, во секој поглед. Тоа не е точно. Истата ни е блиска, и чувствуваме длабока поврзаност, но покрај сличностите постојат и многубројни разлики, кои нè дополнуваат. Кога би биле целосно еднакви односот би ја изгубил својата перспектива и би немало заеднички напредок.

2.Втората заблуда е што веруваме дека сродните души остануваат заедно до крајот на животот. Ова, исто така, не е точно. Овие средби можат да бидат кратки, но да имаат големо влијание врз нашиот живот. Се разбира, постои можност да се сретнеме со сродната душа и да останеме со неа до крајот на животот, но ова не е правило.

3.Трета заблуда е верување дека за секој постои само една сродна душа. Во животот можеме да запознаеме повеќе сродни души, личности со кои ќе чувствуваме длабока духовна поврзаност. Тие можат да ни бидат пријатели, родители, деца, партнери...

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
10 причини зошто сè повеќе луѓе во Македонија и светот избираат да бидат сингл Причина број 1: Луѓето се понепостојани од кога било досега. Тие откажуваат сост...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
Депресивните личности се пронаоѓаат и стапуваат во депресивен брак, со став „ние против светот“ - Но... Кога ќе се сретнат две депресивни личности, кои негативно гледаат на сè, тие доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg