„Како со емоционалното неверство го повредив партнерот“ - 3 исповеди на жени

„Бев во врска 3 години и бев несреќна. Наместо да бидам зрела и да разговарам отворено со партнерот, јас се зближив со еден поранешен колега…“

kako-so-emocionalnoto-neverstvo-go-povrediv-partnerot-3-ispovedi-na-zheni-01.jpg

Емоционалните афери не се сфаќаат толку сериозно, но тие се подеднакво разорувачки за врската, како и физичките.

Ако имате чувства кон трета личност, тоа дефинитивно може да го повреди вашиот партнер.

Исповеди на жени за нивните емоционални афери:

„Бев во врска 3 години и бев несреќна. Наместо да бидам зрела и да разговарам отворено со партнерот, јас се зближив со еден поранешен колега преку допишување.

Почнав да си замислувам дека врската со него би ми била совршена. Сите работи што ми пречеа кај партнерот, не постоеја кај новиот маж во мојот живот. Всушност, креирав замислена личност. Реално јас едвај го познавав.

Но, кога се разделив, сфатив дека партнерот сум го земала здраво за готово, а новиот бил само играч кој сакал секс. За среќа, партнерот ми прости и сè уште сме заедно. Сфатив дека никој не е совршен и врската не се отфрла на првиот проблем, треба да се работи на неа.“

kako-so-emocionalnoto-neverstvo-go-povrediv-partnerot-3-ispovedi-na-zheni-02.jpg

„Имав момче со кое сметав дека сум среќна, но променив работа и запознав колега со кој почувствував ненадејна поврзаност, која не можев да ја објаснам. Имавме различни ставови за животот, но се разбиравме комплетно.

Да скратам, му кажав на момчето дека имам чувства за колегата, се разделив со него на 4 месеци и во тој период сфатив дека тој всушност бил вистинскиот. Комплетно прекинав контакт со колегата, ја напуштив работата.

Сега, сум во брак со старото момче, но беа потребни 2 години за одново да ја изградиме врската.“

„Емоционално го изневерив момчето со долгогодишен „пријател“ со кој водев флертувачки дијалози неколку години. Го знаев уште пред да го запознаам мојот партнер, но околностите беа такви што никогаш не почнавме да се состануваме.

Во текот на врската сфатив дека најголем дел од енергијата трошам на допишување со него и долги телефонски разговори доцна во ноќта. Иако разговорите не беа од сексуална природа, го изневерував партнерот со тоа што инвестирав време во тој маж.

Емоционалната афера имаше негативен ефект врз мојата врска. Моето момче се посомнева и стави крај на врската.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg