Емоционални замки во врските што може да изгледаат наивно на почетокот

Само затоа што нешто изгледа наивно и невино, не значи дека навистина е така, особено кога се во прашање љубовните врски.

emocionalni-zamki-vo-vrskite-shto-mozhe-da-izgledaat-naivno-na-pochetokot-01.jpg

Емоционалната злоупотреба започнува навистина дискретно, а тактиките може да бидат речиси незабележливи за оштетената страна. Но, реалноста е дека се работи за насилство еквивалентно на физичкото. Дел од тоа може да биде и последица на индивидуалната перцепција, но во глобала, постојат неколку стандардни емоционални замки, заеднички за ваквите случаи.

Понекогаш псиолошкото насилство може да биде многу пофатално, бидејќи физичките рани, како што знаеме, може да зараснат.

Но, емоционалните се оние кои може да остават трајно оштетување.

Затоа, обидете се навреме да ги препознаете знаците, додека не сте станале жртва на личноста што ја сакате:

Изолација

Изолирањето на почеток не е страшно, дури и е очекувано, во месеците на еуфорија и заљубеност. Дури ни пријателите нема да ви замерат доколку се работи за краток период.

Но, ако тоа продолжи со месеци, а партнерот ве убедува дека вие сте единствената личност што го интересира, време е да ги отворите очите. Кога една личност еднаш е изолирана, бргу потоа сфаќа дека е заробена и беспомошна. Не го дозволувајте тоа.

Шеги кои всушност се навреди

Нема ништо лошо во тоа што сте блиски со партнерот и доволно слободни за да можете да се шегувате еден со друг. Но, забележете ја содржината на шегите.

Дали можеби ви предизвикуваат дури и најмала непријатност? Размислете добро дали партнерот ве навредува со своите шеги. Некогаш ова е доста ефикасен метод да ве држи под контрола.

emocionalni-zamki-vo-vrskite-shto-mozhe-da-izgledaat-naivno-na-pochetokot-02.jpg

Разубедување

На почеток можеби ќе мислите дека е до различностите. Но, со тек на времето ќе забележите дека се случуваат банални испади од типот вам ви е топло, но партнерот упорно ве убедува дека не само што не е топло, туку и дека баш е ладно.

На овој начин се обидува да владее со вашите емоции и да ве направи несигурни и бескорисни.

Ви кажува што треба да правите, а што не

Дава забелешки дека треба да поведете сметка за исхраната, со кого се дружите, како го минете слободното време, дали работата ви е добра...

Да, звучи како загриженост за она што ви се случува, но обидете се посуштински да согледате на овие постапки. Само така ќе можете да препознаете што се крие зад нив.

Правење катастрофа од секоја ситуација

Се случило нешто и малку сте скарани, но никако не можете да ја забележите потребата од лутење и драма. Ако вашиот партнер има тенденција од секоја ситуација да создава катастрофа, тоа може доста негативно да влијае врз вас и да ви создава чувство на вина поради нешто што всушност, не е до вас.

Чувство на вина

Најчесто оди во комбинација со која и да е од претходно наведените замки. Може наменски да ве потсетуваат на нешто од минатото или пак, новите ситуации да ги преувеличуваат.

На овој начин, сакаат да доминираат со вас. Обрнете внимание и обидете се да не станете жртва на емоционалното насилство на вашиот партнер.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg