Кога е вистинскиот момент да се прекине „кежуал“ врската?

Необврзните врски може да бидат одлични, но само под строго контролирани услови, во кои емоции и нагла потреба за сериозност не се дозволени.

koga-e-vistinskiot-moment-da-se-prekine-kezhual-vrskata-01.jpg

Ваквите кежуал врски исто така, се добри за оние кои сакаат да бидат со некого, но тоа да не води кон нешто сериозно. Но, сепак нештата се менуваат од ден во ден и треба точно да се знае кога ваквата врска мора да биде прекината.

Точни дефиниции во врска со ваквите односи не постојат. Едноставно, треба да се потпираме на инстинктот, на желбата и на она што навистина го сакаме од кежуал врската.

Но, како и да е, ако не прерасне во нешто сериозно, тогаш во даден момент треба да се стави крај.

Седум жени откриваат како се справиле со оваа ситуација:

„Морав да исчезнам. Мораше да прекине бидејќи на семејството им кажуваше дека сме во сериозна врска. Тоа не беше договорот. Не сакав така и не се чувствував пријатно.“

koga-e-vistinskiot-moment-da-se-prekine-kezhual-vrskata-02.jpg

„Со секоја кежуал врска си давам максимум една година. И не, не сакам после да бидеме пријатели. Имам пријатели. Се нервирам кога некој од момците ќе рече дека излегуваме - не, ние само имаме одличен секс.“

„Беше интересно со него, но сакаме различни нешта. Затоа и не бевме во сериозна врска, туку уживавме необврзувачки во нашите различности. Еден ден сфатив дека сакам да бидам со некој со кого имаме заеднички интереси. Се сретнав со таква личност и започнавме да се гледаме. Кај и да е, треба да му соопштам на другиот. Или можеби ќе почекам нештата со новиот да станат сериозни.“

„Се запознавме преку програма за размена на студенти. Ми се допадна, беше кул, тој сакаше да останеме во контакт, но јас не гледав како е можно тоа, бидејќи бевме оддалечени стотици километри. Ми беше криво, но длабоко во себе знаев дека тоа е најдобрата одлука во тој момент.“

koga-e-vistinskiot-moment-da-se-prekine-kezhual-vrskata-03.jpg

„Сум прекинала многу кежуал врски. Некогаш затоа што јас не сум сигурна што сакам, а некогаш затоа што тие премногу навалуваат. Еднаш добивав пијани пораки. Според мене, ваквите агресивни и нападни пораки се доволна причина за да прекинам.“

„Тој не ги почитуваше границите. Му реков дека не сакам да си ги запознаваме семејствата, но ме убеди дека ќе биде дрско ако не излезам со него и неговата мајка. Ми беше толку непријатно, бидејќи глумевме нешто што не сме. Му раскинав следниот ден и ми рече дека ќе биде непријатно поради мајка му. Го прашав: 'А зошто воопшто таа знаеше за нас?' Мислам дека не секој го разбира концептот на кежуал врска.“

„Заеднички се договоривме дека е време нашиот однос да прекине. Не бевме спремни за врска, а трошевме премногу енергија еден на друг. Му кажав, разговаравме, се согласи со мене и тоа беше тоа.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg