6 совети како да го преживеете првиот заеднички одмор во пар

Првиот одмор со партнерот е клучен за откривање на иднината на вашата врска, но истовремено е и предизвикувачки.

6-soveti-kako-da-go-prezhiveete-prviot-zaednichki-odmor-vo-par01.jpg

Патувањето со партнерот е одличен начин за поврзување и создавање незаборавни заеднички спомени, како и подобро запознавање еден со друг.

Сепак, колку и да звучи добро одењето на заеднички прв одмор и колку и да има потенцијал за зацврстување на врската, шансите се исто толку големи и за растурање на истата.

Секако, не треба да тргате со таа помисла, но важно е да имате на ум неколку совети за полесно да го преживеете првиот заеднички одмор.

Ако не сакате да се разочарате, држете се до следниве совети“

Немојте постојано да сте залепени еден до друг

Независно дали сте сами или со други парови, не ги поминувајте цели денови залепени еден за друг 24/7, дајте си слобода и однесувајте се природно за да не излудите.

6-soveti-kako-da-go-prezhiveete-prviot-zaednichki-odmor-vo-par-02.jpg

Немојте да имате нереални очекувања

Можеби романтичниот одмор ќе ви звучи како најдоброто нешто, но не очекувајте премногу и не дозволувајте да се разочарате - не може секоја секунда од времето да биде магична.

Правете компромиси

Не може да очекувате дека партнерот со кој се согласувате во многу работи, ги има истите идеи за одмор од соништата.

Ако едниот сака да шета и истражува, а другиот да се релаксира, направете баланс и договор за двајцата да бидете задоволени.

6-soveti-kako-da-go-prezhiveete-prviot-zaednichki-odmor-vo-par-04.jpg

Сетете се на целта на одморот

Можеби во одредени моменти сето тоа ќе ви биде стресно, ќе се трудите работите да бидат совршени, да се покажете во најдобро светло и слично, но на крајот на денот, одморот е за да се одморите, а не да се изморите размислувајќи дали работите ќе поминат во добар ред. Препуштете се на атмосферата и релаксирајте се.

Немојте да бидете посесивни

Можеби возбудата е голема што првпат сте некаде сами и мислите дека партнерот конечно го имате само за себе, но сепак, немојте да бидете пренападни и контролирачки.

Ако тој треба да разговара со некој на телефон, дајте му простор, ако гледате дека остварува контакт со некој на плажа, не мора веднаш да се вмешате и да го контролирате.

6-soveti-kako-da-go-prezhiveete-prviot-zaednichki-odmor-vo-par-05.jpg

Баланс помеѓу авантура и интимност

Секако, можеби сакате сите денови да ги поминете во кревет, излежувајќи се и посветувајќи се на зајакнувањето на страстите, но не дозволувајте првиот одмор да ви помине здодевно и монотоно.

Немојте да бидете мрзеливи, излезете, шетајте, истражувајте, правете забавни работи и активности кои ќе ви останат во сеќавање.

6-soveti-kako-da-go-prezhiveete-prviot-zaednichki-odmor-vo-par-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg