5 добри причини зошто не треба да се омажите

Најголемата заблуда е дека жените сакаат брак и дека само за тоа размислуваат. Вистината е дека не секоја жена сака да биде сопруга. 

Ova se 5 dobri pricini zosto ne treba da se omazite 01

Без оглед на животната средина, поради овие причини никогаш не треба да се омажите:

1. Сите околу вас се венчаваат

Чувствувате дека од сите страни ве прашуваат кога ќе се венчате. Но тоа не треба да биде причина да согласите на брак, доколку не сакате.

На крајот на краиштата, не дозволувајте општеството и околината да ве натераат да влезете во брачната заедница доколку не сте подготвени или желни за тоа.

2. Бидејќи сте бремени

Бракот не гарантира среќа во семејството. Често се случува луѓето кои се во брак да не бидат подготвени за бебе. Не треба да се омажите само бидејќи сте бремени, доволно е да покрај себе имате човек кој ќе ви даде поддршка и кој ќе биде добар татко.

Ova se 5 dobri pricini zosto ne treba da se omazite 02

3. Бидејќи вие и вашиот партнер имате добар секс

Не дозволувајте хормоните да влијаат врз вашето мислење и да завршите во брак со некој кој не ви одговара надвор од креветот.

Дури и ако поминувате неколку часа дневно во кревет со некој што ви одговара, тоа не значи дека остатокот од денот ќе ви биде добар. Среќата е многу повеќе од само добар секс.

4. Бидејќи ве притискаат родителите

Не постои поголема агонија од родителите кои решиле да „играат на свадбата на своето дете“. Тие ќе сторат сè да го постигнат својот сон.

Не дозволувајте им да ве манипулираат, бидејќи вие ќе бидете во брак со таа личност, а не вашите родители.

Ova se 5 dobri pricini zosto ne treba da se omazite 03

5. Бидејќи се плашите од осаменост

Ниска самодоверба може да направи хаос во вашиот живот. Ако ви се чини дека свадбениот прстен ќе ги реши вашите проблеми и дека никогаш повеќе нема да се почувствувате осамени, не сте во право.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg