6 знаци дека вашето токсично однесување полека ја уништува врската

Секоја врска поминува низ кризи и тешки моменти, а секој има право некогаш да погреши, но што кога тоа несвесно ќе премине во навика?

6-znaci-deka-vasheto-toksichno-odnesuvanje-poleka-ja-unishtuva-vrskata-01.jpg

Независно колку сакате некого, тоа не значи дека некогаш не може да влезете во бурна дискусија и човечки е да имате различни ставови и несогласувања.

Сепак, постои голема разлика помеѓу мали несогласувања одвреме-навреме кои на добар начин се решаваат и помеѓу оние однесувања кои ја прават врската токсична.

Доколку во одреден момент се „фатите“ себеси дека не го почитувате партнерот и постојано повторувате исти грешки, можеби вие сте тие што ја уништуваат врската.

Во продолжение неколку знаци на токсично однесување кои ја прават врската неподнослива:

1. Секогаш го обвинувате партнерот дури и ако потсвесно знаете дека вината е во вас и без да размислите.

2. Секогаш му поставувате ултиматуми и го уценувате да прави работи, независно дали се големи или ситници.

3. Го срамите и омаловажувате пред други обидувајќи се да бидете над него.

4. Не знаете како да го контролирате импулсивното однесување и секогаш му се истурате на него.

5. Се грижите само за сопствените потреби независно дали се мали или големи и правите сè за да биде како што сте наумиле.

6. За секоја ситница правите драма или уште полошо, ги премолчувате работите наместо да ги кажете додека е време и да се решат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg