7 знаци дека врската ви го уништува пријателството

Балансирањето помеѓу љубовта и пријателството е секогаш тешко, но не и неизведливо. Важно е да го забележите проблемот на време и да најдете решение, бидејќи ќе останете без пријатели и без партнер.

7 znaci deka vrskata vi go unistuva prijatelstvoto 01

Јасно е дека на почетокот на врската имате потреба подобро да го запознаете вашиот партнер. Додека не сте заинтересирани за ништо друго освен за него, тогаш имате најмногу време за пријателите со кои сакате да ги споделите вашите искуства.

Ова се менува со текот на времето, а еве како да ги забележите знаците дека врската ви го уништува пријателството...

Ги откажувате вашите планови за да се видите со партнерот

Балансирањето на врската е клучна работа за здрава љубовна врска. Ако забележите дека често ги откажувате плановите што ги имате со пријателите за да се видите со вашиот партнер, морате да го промените тоа. Организирајте го времето.

Дознавате вести за вашите пријатели преку социјалните мрежи

Веројатно сте биле првите луѓе кои во нормална ситуација дознавале новости за вашите пријатели. Ако забележите дека сите големи вести ги дознавате преку друштвените мрежи, ова е знак дека не се присутни во нивниот живот.

Со ова ризикувате да изгубите еден или повеќе пријатели додека сте посветени на одгледување на вашата врска.

Кога сте со пријателите постојно разговарате за врската

Разбирливо е дека сте екстатични за вашата нова врска, но не е во ред да не сте заинтересирани за животот на вашите пријатели поради таа причина. На крајот тие ќе го забележат ова и ќе почнат да ве исфрлаат од нивниот живот.

За да не дојде до тоа би било подобро да размислите како најдобро да ги усогласите вашите животни приоритети.

7 znaci deka vrskata vi go unistuva prijatelstvoto 02

Седите со вашите пријатели, но постојано сте отсутни

Кога сте со вашите пријатели би требало целосно да се вклучите во разговорот. Ако постојано размислувате за други работи тогаш не сте во можност да бидете лојален пријател.

Партнерот влијае на вас да поминувате помалку време со пријателите и семејството

Донекаде е нормално да поминувате повеќе време со партнерот, отколку со другите луѓе во вашиот живот, но не е нормално тој да ве присилува да го сторите тоа.

Ова е прв знак на злоупотреба во врска што може да се претвори во нешто дури и поагресивно подоцна.

Партнерот е љубоморен на силната врска што ја имате со вашите пријатели

Луѓето се сложени суштества кои имаат потреба од повеќе односи, како што се семејството, пријателството и љубовта. Посесивното однесување во врската не смее да се толерира.

7 znaci deka vrskata vi go unistuva prijatelstvoto 03

Пријателите избегнуваат да се дружат со вас кога сте со вашиот партнер

Ако вашите пријатели ги избегнуваат вашите повици за дружење заедно со вашиот партнер тогаш знајте дека нешто не е во ред. Можеби ќе треба да размислите дали се однесувате поинаку кога сте сами со нив и кога сте со вашиот партнер.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg