Правила кои не се прекршуваат кога сте во врска

Животот би бил многу полесен кога би имале листа со одговори на тешките прашања и ситуации. Во романтичните врски често таквата листа може да ни помогне.

Pravila koi ne se prekrsuvaat koga ste vo vrska 01

Иако знаеме дека секоја личност е посебна, како и секоја врска, и дека е тешко да се споделат совети, ќе се обидеме да предложиме четири начини за да ја направите вашата врска со партнерот поуспешна.

Ова не мора да значи дека ако ги прочитате овие четири совети сè ќе биде подобро, за тоа е потребно време и напор.

Ова се четири правила кои не би требало да ги прекршувате доколку сте во врска:

1. Луѓето не се обврзани да ја возвраќаат љубовта. Тешко е да се сака некој кој не ви се допаѓа, а е вљубен во вас.

Според чувствата на другите треба да се однесувате со почит и да разјасните како навистина се чувствувате, за другата личност да реши дали треба да продолжи да ве освојува.

2. Секој сака внимание. Дефинитивно ќе забележите ако некој ви дава повеќе внимание, поминува повеќе време со вас или ги разбира вашите потреби. Во тој момент треба да размислите внимателно за лицето кое ви го дава вниманието.

Ако сте во врска, а вашиот партнер не ги чувствува вашите потреби и емоции, време е да раскинете.

Pravila koi ne se prekrsuvaat koga ste vo vrska 02

3. Сакајте се себеси. Ова не значи дека сте егоисти или дека ги поставувате вашите потреби пред потребите на вашиот партнер, туку ги разбирате вашите желби и чувства.

Накусо, ова ќе ви овозможи да не му дозволите на вашиот партнер да ве изневери. Ако знаете како да се сакате себеси ќе знаете како да се однесувате кон другите луѓе.

4. Не останувајте во врска во која повеќе не постои љубов. Колку и да звучи ова тешко никој не е обврзан да ве сака вечно, без разлика дали имате деца.

Ако чувствата не постојат размислете за тоа што е најдобро за вас. Во секој случај, најлошо е да бидете товар на личноста која некогаш сте ја сакале.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg