Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да препознаете дали вашиот партнер е љубоморен на вашиот успех?

Врската подразбира многу повеќе од љубов и возбуда. После првиот бран на вљубеност и идеализација, доаѓа до период на расправии, љубомора, раскинување и помирување, зачинети со повремени гестови на романтика. Ниедна врска не е идеална, луѓе сме, грешиме.

kako-da-prepoznaete-dali-vasiot-partner-e-ljubomoren-na-vasiot-uspeh-01_p01.jpg

Кога ни се случува нешто убаво, првото лице со кое сакаме да ја споделиме нашата радост е нашиот партнер.

Но, што да правите ако најдете неодобрување наместо поддршка и позитивни реакции? Ако забележите дека вашиот партнер е лут кога зборувате за вашиот успех?

Ова се неколку знаци дека вашиот партнер е љубоморен на вашиот успех:

Го намалува вашиот успех

Доколку екстатично и гордо му се јавите на вашиот партнер да му ги кажете добрите вести за вашиот успех, а тој ве пречека со ладни зборови како: „Ништо чудно“ или „Твојата работа е, во секој случај, лесна“, тоа е очигледен знак на љубомора.

Со што и да се занимаваме вложуваме многу напор и енергија секој ден. Изјави како овие се токсични и можат да сигнализираат два проблеми: или не ја сакате личноста со која сте во врска или сте несигурни во себе.

Ве потсетува на минатите неуспеси

Доколку во моментите на среќата партнерот ве потсетува на она што сè уште не сте го постигнале, ова значи дека не може да се справи со вашиот успех. Едноставно не може да се помири со фактот дека сте во нешто подобри од него.

Очекува светот да се врти околу него

Ако вашиот партнер брзо менува теми на разговор и почнува да зборува за своите успеси и како е пред него светла иднина, тоа е знак на љубомора. Јасно е дека се чувствува инфериорно во однос на вас и се обидува да го прикрие тоа.

kako-da-prepoznaete-dali-vasiot-partner-e-ljubomoren-na-vasiot-uspeh-02_p1.jpg

Ве смета за конкуренција

Без разлика дали ќе ги споделите вашите успеси на работа или ќе раскажувате за убавиот ден поминат со пријателите, вашиот партнер не може да дочека можноста да ви раскаже како тој го поминал денот. Ова е, исто така, знак на љубомора.

Луѓето кои се натпреваруваат со својот партнер, наместо да го поддржат, се несигурни. Ова однесување е токсично и не треба да се толерира.

Не ве прашува за мислење

Кога една страна се чувствува загрозено во врската и почнува да чувствува љубомора, најчесто ќе го избегнува разговорот со партнерот и ќе почне да донесува одлуки самостојно.

Често се во прашање важни работи, како купување на нов автомобил или инвестирање во имот. Ваквото однесување докажува дека вашиот партнер се чувствува инфериорно и сака да воспостави доминација.

Како се однесувате во оваа ситуација?

Разговарајте со вашиот партнер и бидете отворени. Кажете му дека вашиот успех нема да влијае на вашата врска. Нема потреба за љубомора, чувство на пониска вредност или неизвесност.

Секој поединец е различен и има различни таленти и способности. Нагласете дека клучот за успех во секој однос е заемна поддршка и љубов.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg