Сексот ве прави посреќни од парите – Како влијаат сексуалните односи врз целокупното задоволство во животот?

Сексуалниот живот е несомнено важен фактор во квалитетот на врската, а од него често зависи и опстанокот на самата врска. 

seksot-ve-pravi-posrekjni-od-parite-kako-vlijaat-seksualnite-odnosi-vrz-celokupnoto-zadovolstvo-vo-zhivotot-01.png

Односите „пукаат“ кога сексуалните преференции и потреби не се хармонизираат, а кога некој е незадоволен од врската обично доаѓа до раскинување или прељуба.

Од друга страна, недостатокот на сексуалните односи или лошиот квалитет на сексуалниот живот, често покажува дека нешто не е во ред во односот.

Но, колку задоволство од сексуалниот живот, всушност, влијае врз целокупното задоволство во животот?

Според истражувањата луѓето кои имаат помал број на сексуални односи, на пример, еднаш месечно, се помалку задоволни од оние кои имаат секс еднаш неделно. 

Разликата во задоволството меѓу испитаниците, кои имаат сексуални односи еднаш месечно, и оние кои имаат еднаш неделно, е повисока од задоволството што го имаат луѓето кои имаат годишен приход од 15 и 25 илјади долари.

Значи, очигледно парите не ги прават луѓето посреќни, туку сексот. Се разбира, истражувачите не се занимаваат детално со квалитетот на сексуалниот однос кај испитаниците, па е ова генерална слика.

Сега кога знаеме дека сексот еднаш неделно е доволен и неопходен услов за среќата и задоволството, се поставува прашањето дали е можно да се процени квалитетот на сексуалниот однос? 

seksot-ve-pravi-posrekjni-od-parite-kako-vlijaat-seksualnite-odnosi-vrz-celokupnoto-zadovolstvo-vo-zhivotot-02.png

Направено е едно истражување со намера да се одреди колку е времетраењето на сексуалниот однос поврзано со задоволството.

Сексуалните терапевти велат дека времетраењето на сексуалниот чин од 3 до 7 минути е соодветно, но пожелно е да трае од 7 до 13 минути. Минута или две е премногу кратко, а 30 минути се премногу долги и често иритирачки.

Последните два типа честопати припаѓаат на сексуални дисфункции и бараат терапија, со цел да го подобрат квалитетот на сексуалниот живот.

Според овие истражувања, кои во првиот случај вклучуваа голем број испитаници, а во вториот случај стручно мислење на сексуалните терапевти, не е тешко да се биде задоволен и посреќен во животот.

Генералната слика покажува дека е доволно е да имате секс еднаш неделно, околу десет минути, за да бидете позадоволни во животот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава