Лоши навики кои го саботираат секој добар однос

Секој љубовен однос бара посветеност, лојалност, доверба и работа на односот. За работите да бидат квалитетни потребно е да знаеме кога треба да направиме компромис, а кога не.

5-losi-naviki-koi-go-sabotiraat-sekoj-dobar-odnos-001.jpg

Некои навики што ги правиме можат да го саботираат добриот однос со нашиот партнер. Ниту една љубовна врска не може да преживее постојана проверка, прекумерни очекувања, зависност од партнерот или љубомора.

Ова се 5 лоши навики кои го саботираат секој добар однос:

Не простувате, но не ни заборавате

Доколку знаете како да комуницирате, па дури и да се расправате без навреди, тогаш вашата врска може да стане подобра и искрена.

Многу чест проблем се кавги кои не решаваат ништо, особено ако сте личност која од секоја дискусија повлекува фрустрација. Во животот е многу важно да научите да простувате и заборавате, бидејќи со самото сеќавање на лошите работи се фокусирате само на негативните страни на врската.

Постојано проверувате

Љубопитноста, па дури и одредена доза на љубомора, е нормална во секоја врска. Но константната проверка, тестирање, па дури и читање на пораки од мобилен телефон или компјутер се докази за недоверба, љубомора или недостаток на самодоверба.

5-losi-naviki-koi-go-sabotiraat-sekoj-dobar-odnos-2.jpg

Премногу високи очекувања

Нереалните очекувања се подеднакво чести и кај мажите и кај жените, и често резултираат со прекумерно идеализирање на односите.

Луѓето кои мислат дека партнерот секогаш треба да знае кога да се гушка, да се бакнува или прави нешто за нив ја убиваат спонтаноста во односите.

Зависност од партнерот

Колку и да звучи совршено да ги правите сите работи заедно, за секоја здрава врска е потребно секој партнер да има сопствени амбиции и интереси, но и време за себе.

Можете да имате различни пријатели или интереси. Разновидноста помага да се задржи страста во врската.

5-losi-naviki-koi-go-sabotiraat-sekoj-dobar-odnos-3.gif

Споредба

Доколку го споредувате вашиот партнер со некој, кој е по ваше мислење е „подобар од него“, нема да ја разберете неговата уникатност и убавина.

Исто така, ако се споредувате себеси како пар, со некој друг пар, и доаѓате до заклучок дека другите парови повеќе се сакаат, помалку се расправаат и сл. во односот ќе внесете незадоволство кое не се заснова на реалноста, бидејќи не постојат два идентични парови или односи кои можат да се споредат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg