3 знаци што покажуваат дека го идеализирате вашиот партнер

Понекогаш, доволно е само еден поглед за да се развие неверојатна привлечност. Во тој момент, вие сте убедени дека сте го пронашле совршениот партнер, личноста којашто ве исполнува. 

3-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-go-idealizirate-vashiot-partner-01.jpg

Но, по некое време пеперутките во стомакот исчезнуваат, почетната еуфорија спласнува и конечно реално го гледате вашиот партнер и сфаќате дека тој сепак не се вклопува со вашата визија за совршенство.

Понекогаш нема да ви се допадне она што го гледате кај вашиот партер, тешко ви е да ги прифатите фактите па одбирате да живеете во заблуда и се одлучувате на идеализација.

На овој начин покажувате дека всушност не го сакате партнерот бидејќи не можете да го прифатите онаков каков што е. Истовремено само се лажете и го трошите вашето време, а тоа не е никакво решение.

Доколку сè уште не сте сигурни дали станува збор за љубов, обрнете внимание на следниве нешта:

1. Кога сте заедно, воглавно не разговарате

Кога сте заедно уживате во тишината, биејќи тоа е најдобриот начин да се разберете. Штом ќе почнете да разговарате, доаѓа до несогласувања и конфликти.

Доколку ставовите на партнерот пречесто ве изненадуваат, можеби би требало да размислите за тоа дека немате ни приближно исти мислења и верувања.

3-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-go-idealizirate-vashiot-partner-02.jpg

2. Пред него не сте свои

Можеби веќе некое време сте заедно, но едноставно не можете да се опуштите пред него и да бидете целосно свои. Веројатно тоа е јасен знак дека тој не е совршениот партнер за вас.

Но вам ви е тешко да се ослободите од визијата за совршениот пар, каков што сте вие двајцата. Од друга страна, кога ќе ја најдете вашата сродна душа ќе чувствувате потреба да бидете целосно свои уште на првиот состанок.

3-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-go-idealizirate-vashiot-partner-03.jpg

3. Се убедувате дека иднината ќе биде подобра

Воглавно, ако сегашноста не е добра, најверојатно и иднината ќе биде таква. Врските бараат работа и труд, но труд на веќе постоечки однос. Не можете да ја градите врската врз вашата иднина, бидејќи љубовта е во сегашниот момент.

Размислете за вашата врска и вашите чувства кон партнерот. Обидете се барем за миг да ги погледнете нештата објективно. Ако сфатите дека тој едноставно не е вистинскиот, немојте да го трошите ни вашето, ни неговото време.

Љубовта никогаш не се заснова на илузија.

3-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-go-idealizirate-vashiot-partner-04.jpg

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg