За подобар сексуален живот: зошто е добро да мастурбирате?

Мастурбацијата е дел од здравиот сексуален живот, целосно е здрава и безбедна. Според експертите, истата има многу здравствени придобивки. Се прашувате зошто? 

Kako masturbacijata vlijae na zdravjeto i zosto e dobro da masturbirate 01

Како, всушност, мастурбацијата може да влијае на здравјето?

Го зголемува протокот на крвта во мозокот

Истражувањата покажаа дека протокот на крвта за време на мастурбација е поголем, за крвта да стигне до мозокот и гениталиите.

Скенирањето на мозокот покажало дека крвта циркулира побрзо низ телото и мозокот, а за возврат го зголемува протокот на кислородот и хранливите материи, стимулирајќи го здравото функционирање на мозокот.

Ја одржува силата на карличните мускули

Мастурбацијата може да ви помогне да бидете во „форма“, бидејќи ги зајакнува карличните мускули. Со други зборови, мастурбацијата е практична како вежба за цело тело.

И, најдобро од сè, колку се посилни карличните мускули, толку повеќе ќе уживате во мастурбацијата (како и во сексуалниот однос) и полесно ќе го доживеете оргазмот.

Kako masturbacijata vlijae na zdravjeto i zosto e dobro da masturbirate 04

Ќе имате повеќе самодоверба

Мастурбацијата е запознавање на сопственото тело, а колку подобро го познавате вашето тело, толку повеќе ќе го сакате.

Докажано е дека жените, кои редовно мастурбираат, имаат поголема самодоверба, позадоволни се од нивниот изглед и емоционално се поинтелигентни.

Kako masturbacijata vlijae na zdravjeto i zosto e dobro da masturbirate 02

Подобро ќе спиете

По мастурбацијата се ослободува допамин, што ви обезбедува подобар сон. Недостатокот на сонот е поврзан со различни здравствени проблеми, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести, дијабетес и Алцхајмерова болест.

Ги ублажува симптомите на инфекција на уринарниот тракт

Никој не тврди дека мастурбацијата е лек за инфекции на уринарниот тракт, но може малку да ги ублажи симптомите. 

Kako masturbacijata vlijae na zdravjeto i zosto e dobro da masturbirate 03

Ќе ви помогне да доживеете оргазам

Иако многу жени немаат проблем да доживеат оргазам при мастурбација, овој проблем го имаат кога имаат секс со својот партнер.

Затоа многу терапевти сугерираат да се мастурбира пред партнерот за да го подобрите вашиот сексуален живот.

Го намалува стресот

Секој има поинаков начин на справување со стресот и вознемиреноста, но докажано е дека со мастурбација се ослободува окситоцин, хормон кој има смирувачки ефекти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg