5 причини зошто разводот е подобра опција од лошиот брак

Кога луѓето ќе се венчаат секогаш веруваат дека ќе останат заедно до крајот на својот живот. Но за жал, статистиката покажува многу различни резултати - еден од четири бракови завршува со развод.

5 pricini zosto razvodot e podobra opcija od losiot brak 01

Дури и кога е тешко да се признае дека бракот едноставно не функционира, не треба да се вознемирувате, бидејќи постојат многу добри работи што разводот може да ви ги донесе.

Ви даваме 5 причини зошто е подобро да се разведете отколку да останете во лош брак:

1. Ќе имате поголема шанса да ја запознаете вистинската личност

Кога сте во брак се обидувате да се држите настрана од спротивниот пол, за вашиот партнер да не биде љубоморен. На овој начин ќе пропуштите многу можности и луѓе со кои можете да се дружите.

По неуспешниот брак ќе имате многу искуства, кои ќе ви ја отворат вратата повторно да се заљубите и да ја најдете вистинска личност за вас.

Всушност, некои истражувања покажуваат дека е помалку веројатно дека луѓето ќе се разведат по втор пат, бидејќи знаат што бараат во својот партнер.

5 pricini zosto razvodot e podobra opcija od losiot brak 02

2. Целата енергија можете да ја фокусирате на себе и на ваш личен напредок

Ако останете долго во нездрав брак, вашата емоционална благосостојба секогаш ќе биде во прашање. Можете да почнете да чувствувате дека сте почнале да се губите.

Се сеќавате ли на старите работи и хобија кои ве задоволувале? Дали вашиот брачен партнер ги поддржува вашите одлуки? Дали уживате во животот во овој момент?

Ако вашите одговори се „не“, можеби е време да направите некои промени во вашиот живот.

3. Ќе бидете посреќни

Кога ќе излезете од лош брак, ќе го изгубите својот брачен партнер, но ќе добиете среќа. Животот е премногу краток за да бидете во нездрави врски.

Се разбира, разводот може да биде шок на почетокот, но подоцна ќе можете да го отворите новото поглавје во вашиот живот, поубаво од претходното.

Имено, некои истражувања покажуваат дека и мажите и жените се чувствуваат поуспешно по завршувањето на бракот, бидејќи се чувствуваат повеќе задоволни со своите животи.

5 pricini zosto razvodot e podobra opcija od losiot brak 03

4. Ќе го подобрите своето здравје

Повеќето луѓе веруваат дека бракот може да го подобри вашето здравје, но во случај на лош брак, тоа воопшто не функционира.

Напротив, несреќниот брак може да го влоши вашето здравје, физичко и ментално.

5. Ќе изгледате подобро

Дури и ако немате намера да одите на диета после разводот, ќе приметите некои неочекувани промени во вашиот изглед. Многу луѓе признаваат дека се трансформирани однатре, бидејќи почнуваат да се чувствуваат подобро и поживо.

По голема транзиција, како што е развод, повеќето луѓе намерно го менуваат својот изглед - почнуваат да работат на своето тело, да купуваат нова гардероба, да користат шминка, да прават нова фризура и сл.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg