12 работи што ги прават вистински среќните парови

Животот со партнер може да биде навистина исполнувачки, но истовремено претставува и вистински предизвик. Многу вљубени парови не успеваат да ја зачуваат својата врска, што покажува дека е потребно многу повеќе од љубов за врската да биде здрава и среќна.

12-neshta-shto-gi-pravat-vistinski-srekjnite-parovi-01.jpg

Постојат некои работи што ги прават речиси сите среќни парови, а доколку се пронајдете во некоја од следниве точки, тоа е знак дека со партнерот ви оди навистина добро:

Имаат барем едно заедничко хоби

Секогаш е добро да имате ваше хоби, но неопходно е да имате и нешто заедничко со партнерот. Ова може да биде сè – од свирење инструмент, до гледање филмови заедно.

Одберете една активност што ја сакате и двајцата и посветете ѝ се. Важно е да го направите хобито дел од вашата рутина и заедно да се забавувате.

Го почитуваат нивниот личен простор

Среќните парови имаат неверојатна интимност, но знаат и каде да постават граници. За врската да биде успешна, неопходно е да му дадете простор „за дишење“ на партнерот. Задушеноста во врската никогаш не е добра.

12-neshta-shto-gi-pravat-vistinski-srekjnite-parovi-02.jpg

Одвојуваат време за заеднички патувања и одмори

Ова не треба да биде некое скапо или егзотично патување. Може да биде само кратко викенд патување, па дури и прошетка до најблискиот град.

Целта е да се релаксирате и да поминувате време со партнерот, настрана од секојдневните проблеми и грижи. Промената на опкружувањето е секогаш добра.

Не си легнуваат гневни

Кога има проблем, среќните парови веднаш бараат решение. Не ги потиснуваат чувствата и не чекаат проблемите самите да се решат.

Зрелите парови разговараат за она што не им се допаѓа и никогаш не остануваат гневни еден на друг.

12-neshta-shto-gi-pravat-vistinski-srekjnite-parovi-03.jpg

Си кажуваат „Те сакам“ барем еднаш дневно

Можеби ова е очигледно, но важно е секојдневно да му кажувате на партнерот колку ви значи. Ова ќе ве зближи уште толку. Важно е да го кажувате ова убедливо.

Имаат независни животи еден од друг

Додека заедничките хобија и интереси се важни, исто важно е да останете независни во врската. Важно е да имате ваши и идеи и желби.

Не заборавајте дека вие и партнерот сте посебни и уникатни личности и потребно е да имате и свој живот.

12-neshta-shto-gi-pravat-vistinski-srekjnite-parovi-04.jpg

Заедно јадат

Се разбира, денес е невозможно сите оброци да ги јадете заедно, но обидете се барем еднаш во денот да го направите тоа.

Во овие моменти, немојте да се го одвлекувате вниманието со телефонот или други активности, туку целосно посветете му се на партнерот.

Се поддржуваат еден со друг

Кога ќе ги поддржувате соништата и целите на партнерот, тој ќе се чувствува сакано. Во среќните врски партнерите секогаш се поддржуваат и навиваат еден за друг.

12-neshta-shto-gi-pravat-vistinski-srekjnite-parovi-05.jpg

Развиваат доверба и ја отфрлаат љубомората

Доколку во врската не постои доверба, кога-тогаш таа ќе се распадне. Ако сте љубоморни или посесивни, поработете на ова пред да направи голема штета во вашата врска.

Заедно созреваат како личности

Нема ништо пофрустрирачко од тоа да забележите дека вие сте созреале, но вашиот партнер останал на истото ниво како и пред некоја година. Личниот развој е природен и очекуван дел од сечиј живот.

Важно е двајцата да се движите кон нешто и да не се оддалечувате со текот на времето.

12-neshta-shto-gi-pravat-vistinski-srekjnite-parovi-06.jpg

Ги делат домашните обврски

Доколку сите обврски ги оставите на партнерот, пропаста е неизбежна. Кога еден од партнерите ќе се почувствува одговорен за сè, рамнотежата во врската ќе се наруши.

Доколку не можете еднакво да ги поделите обврските, обидете се да направите листа со нив. Договорете се кој што да работи и држете се до тоа.

Уживаат во малите гестови

Можеби сите сакаат големи романтични гестови, но важно е да се обрне внимание и на ситниците. Без разлика дали ќе му направите кафе на партнерот или ќе му понудите масажа, овие нешта не поминуваат незабележани.

Партнерот ќе биде благодарен и среќен што се грижите за него. Се разбира, истото треба да го прави и тој.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg