Постојат 5 типови на флерт - Кој е вашиот?

Повеќето луѓе ќе речат дека се верни и дека никогаш нема да го измамат својот партнер. Но, размислете за момент - дали е можно понекогаш ненамерно и „невино“ да флертувате?

Flertuvate li poveke otkolku sto mislite 01

Дали несвесно комуницирате дека сте сексуално достапни? Според едно истражување постојат 5 стилови на флерт: физички, традиционален, искрен, љубезен и разигран.

Подолу ќе дознаете кои однесувања се карактеристични за одреден стил и во која категорија влегувате вие...

Физичко флертувње

Вашиот стил на флертувње е физички, односно сакате да ги допирате луѓето. Жените кои флертуваат физички често имаат отворен говор на тело - ги поместуваат рацете од своето тело и кимаат со глава во разговори.

Традиционален флерт

Ако вашиот стил е традиционален, верувате дека мажите треба да го направат првиот чекор. Мажите кои спаѓаат во оваа категорија често се наведнуваат кон својот партнер, додека жените во оваа категорија, кога комуницираат, сакаат вербално да се шегуваат со своите партнери.

Flertuvate li poveke otkolku sto mislite 03

Искрено флертување

Ако спаѓате во оваа категорија имате искрен интерес за другата личност. Најверојатно нема да се шегувате со вашиот партнер, туку ќе разменувате флертувачки погледи.

Пристојно флертување

Ако не сакате да флертувате, но сакате да се обидете да запознаете некого, вашата интеракција со тоа лице ќе биде поформална (пристојна).

Дури и кога некој физички ве привлекува, нема да ѝ се доближувате на таа личност и можеби нема да поставувате премногу прашања.

Flertuvate li poveke otkolku sto mislite 02

Разиграно флертување

Луѓето во оваа категорија уживаат во играта на заведувањето. Ако спаѓате во оваа категорија, не ви е важно каква е друга личност, туку го користите флертот како средство за постигнување на цели (на пример, ако ви е потребна нечија услуга).

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg