Жените кои веруваат во овие лаги – најтешко ќе најдат партнер

Три совети, коишто важат за ултимативни љубовни правила, можно е да ви го уништат емотивниот живот.

zheni-koi-veruvaat-vo-ovie-lagi-najteshko-kje-najdat-partner-1.png

Всушност, голема е веројатноста баш тие да се виновни што мноштво девојки уште не го нашле човекот на својот живот.

Заклучокот е дека се повеќе штетни, одошто корисни. Има и зошто.

Ако веруваат во овие лаги, жените најтешко ќе најдат партнер:

1. За да може да сакаш друг, прво мора да се засакаш себеси.

Првата лага во која мноштво жени веруваат, е дека мора комплетно да се засакаат себе и своето тело, пред да се препуштат на здрав однос со одреден маж.

Како резултат на ова, тие одбиваат да влезат во љубовна врска, доколку немаат стекнато самодоверба. Но, овој начин на размислување е целосно погрешен.

Првенствено бидејќи некои луѓе мошне тешко ја градат самодовербата, а токму искрената љубовна врска, со личност која ќе ги сака такви какви што се, всушност може да им помогне да се прифатат себеси, како и да се засакаат.

zheni-koi-veruvaat-vo-ovie-lagi-najteshko-kje-najdat-partner-2.jpg

2. Не дозволувај да зависиш од некого – тоа е знак на слабост.

Некои жени го сфаќаат овој совет претерано буквално. Финансиската независност е една работа, ама љубовната „зависност“ е сосема друга.

Тоа, се разбира, не значи дека таа мора да дише исклучиво за својот партнер, како и да заборави на меѓучовечките односи кои дотогаш ги негувала.

Меѓутоа, убаво е да се обиде да се препушти на неговата љубов. Да му допушти да ја чува, да се грижи за неа и да ја сака. Не, тоа не знак на слабост.

zheni-koi-veruvaat-vo-ovie-lagi-najteshko-kje-najdat-partner-3.jpg

3. Ако доволно те сака, партнерот ќе се промени.

Ова е една од најчестите лаги. Доколку жената сака некој да се промени заради неа, мора да биде спремна на тоа, дека веројатно и таа ќе мора да го направи истото за него.

Но, одредени жени одат во друга крајност. Тие се менуваат самите себе уште на почетокот од врската, како би им се допаднале на своите партнери, надевајќи се притоа дека и тие ќе го следат нивниот пример. Сепак, тоа вообичаено не се случува.

За возврат добиваат разочарување, или, пак, преземање одговорност за однесувањето на мажите, заборавајќи дека не им се мајки и должни да ги (пре)воспитуваат.

zheni-koi-veruvaat-vo-ovie-lagi-najteshko-kje-najdat-partner-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg