Кога е вистинското време да се каже „те сакам"?

Ова е веројатно една од најмоќните фрази на кој било јазик, бидејќи содржи толку многу емоции. Сепак, треба да знаете кога е вистинското време да ги кажете овие два збора, за да не добиете одговор „благодарам“ или, уште полошо, да нема реакција. 

Koga e vistinskoto vreme da se kaze te sakam 01

Секако, партнерите не се секогаш подготвени да ги кажат овие зборови во исто време. Ова не значи дека некој не ве сака, туку едноставно не е подготвен за тој чекор…Кога е вистинското време да се каже „те сакам“?

Она што е важно е да се избере вистинскиот момент. Прерано е да се каже „те сакам“ на некој што не го познавате доволно. Ако ги кажете овие два збора на почетокот на врската, ова може да значи дека сте вљубени во идејата за врска со таа личност, а не во личноста.

Од друга страна, ако чекате премногу долго за да ја објавите вашата љубов, можеби ќе имате проблеми со посветеноста. Луѓето најмногу се плашат да ги кажат овие зборови поради реакцијата на другата личност, односно поради потенцијалното одбивање.

Затоа е важно прво да дознаете дали вашата љубов се базира на вистинска љубов или само страст. Кога ќе го разберете ова, тогаш ќе можете да размислувате за изјави на љубов.

Koga e vistinskoto vreme da se kaze te sakam 02

Во врска со конкретната временска рамка, во која е пожелно да се изречат овие два збора, се препорачува три месеци по почетокот на врската.

Ако го сторите тоа прерано, тоа може да предизвика проблеми или да го исплаши вашиот партнер. Ако чекате премногу долго, тогаш ризикувате да останете недоречени.

Иако се три месеци оптимален период, се работи за индивидуална работа, која се разликува од личност до личност.

Можеби е подобро да не се ограничувате со времето. Најважно е да ги изговорите овие зборови кога тоа навистина ќе го мислите и чувствувате.

Koga e vistinskoto vreme da se kaze te sakam 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg