Средба со неговата бивша

sredba-so-negovata-bivsa-povekjeКога сте во врска со нов партнер, можно е случајно да налетате на неговата бивша. Некогаш овие средби можеби ќе поминат сосема нормално, без...

 

...инциденти, а некогаш можат да бидат и многу непријатни. Некои работи дефинитивно ќе зависат од вас, а не од него.

Всушност, ако неговата бивша партнерка е сега драга пријателка, или мајка на неговите деца, вие тука не треба ништо посебно да направите, не треба да се мешате.

Вие треба да кажете нешто како „Здраво Марија, мило ми е што се запознавме“, а потоа да му ја препуштите ситуацијата нему. Што и да има тука, тоа е помеѓу него и неа, вие подобро држете се на страна.

sredba-so-negovata-bivsa

Во најдобар случај, тој се однесува нормално и учтиво, таа се однесува нормално и учтиво и после пократок разговор секој продолжува по својот пат. Нема потреба да го коментирате нејзиниот изглед, облека, лице... Ниту, пред неа ни подоцна пред него. Нема потреба од коментар воопшто. 

Во полош случај, таа ќе се расправа со него. Доколку тоа се случи, воздржете се од било каков коментар- стојте си на страна и мирно чекајте тоа да заврши. Ако се замешате на било кој начин, работите само ќе се влошат. 

Во потежок случај, таа ќе рипне вам да ви „вади очи“. И тогаш најдобро е да се тргнете на страна, додека партнерот се оддалечува заедно со вас или прво ја смирува бившата, а таа брза да ве стигне.

Во незгоден случај, таа ќе биде многу фина и слатка и ќе се труди да се однесува како ваш ортак. Освен ако не е мајка на неговите деца па вие две е пожелно да бидете во цивилизирани или пријателски односи, нема причина да прифатите такво зближување, особено ако се сомневате дека ве користи за да му пријде нему. Вашата цел е да се зближите со него, а не со неа, така што најдобро е да бидете учтиви и на дистанца.

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg