Знаци кои покажуваат дека конечно сте го преболеле бившиот партнер

Раскинувањата не се воопшто лесни, а процесот на преболување може да биде уште потежок. Сепак, времето навистина лекува сè и кога-тогаш, ќе го заборавите партнерот што ве оставил. 

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-konechno-ste-go-prebolele-bivshiot-partner-01.jpg

Доколку забележите некои од следниве нешта, тоа е добар знак дека конечно сте го преболеле бившиот:

Не се чувствувате лошо ако тој е со некој друг

Кога ќе го преболите, дури и ќе ви биде драго што бившиот нашол некој друг. Ќе сфатите дека само затоа што вашата врска не функционирала, не значи дека и двајцата не можете да најдете среќа со некој друг.

Не чувствувате потреба веднаш да му одговорите на пораките

Оваа личност повеќе не ви е приоритет. Па, кога ќе ве побара, немате желба веднаш да ѝ одговорите. Ова е добар знак дека сте продолжиле со вашиот живот и неуспешната врска сте ја оставиле за вас.

Ве интересираат други личности

Кога сте раскинале со партнерот, веројатно не сте ни помислувале да излезите, а не па да ви се допадне некој друг. Но штом ќе го преболите, ќе сакате да се вратите во игра. Ќе почнете да покажувате интерес за други личности, ќе излегувате, ќе флертувате, а можеби и ќе се впуштите во некоја романтична авантура.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-konechno-ste-go-prebolele-bivshiot-partner-02.jpg

Сфаќате дека неговите „слатки недостатоци“ се всушност здодевни

Можеби некои недостатоци на бившиот ви изгледале интересно додека сте биле заедно. Но сега, кога сите чувства кон него исчезнале, сфаќате дека всушност биле здодевни. Повеќе не го гледате низ розови очила, туку согледувате каква личност навистина е.

Ја гледате врската како искуство

Кога ќе си помислите на убавите заеднички моменти се насмевнувате. Истовремено, свесни сте и за сите проблеми кои настанале во врската и сега знаете како да се справите со нив доколку се појават во иднина. Сега знаете што сакате од идниот партнер.

Повеќе не го обвинувате за сè

Веројатно кратко по раскинувањето сте го обвинувале бившиот за секој проблем. Но сега сфаќате дека и двајцата сте погрешиле и дека едноставно не сте еден за друг. Немате потреба да префрлате вина никому.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-konechno-ste-go-prebolele-bivshiot-partner-03.jpg

Кога ќе запознаете некој нов, не го споредувате со бившиот

Истовремено, воопшто не ни помислувате да го спомнете на првиот состанок. Сега ве интересира само личноста пред вас и она што можете да го научите за неа.

Сметате дека сте сингл, а не личност која само што раскинала

Доволно долго се сожалувавте и сега конечно го прифативте фактот дека сте сингл. И ова не е воопшто лошо. Напротив, имате цел свет за истражување и уште безброј авантури.

Јасно ви е дека не ви било судено

Конечно сте помирени со фактот дека не сте биле компатибилни со бившиот. Сега сте чекор поблиску кон наоѓањето на вашата сродна душа.

Не можете да се сетите на детали за него

Можеби сте го помнеле неговиот број, името на неговата баба, улицата на којашто пораснал… Но овие информации повеќе не ви се важни и со текот на времето целосно ќе ги заборавите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg