Го сакате најдобриот пријател?

go-sakate-najdobriot-prijatel-povekeНајверојатно една од најтешките работи што некогаш ќе ги направите, е да му кажете и да го прашате вашиот најдобар другар дали ве сака. Тука има две насоки...

 

...во кои ова може да отиде: прекрасна врска (ако го чувствува истото) или непријатна тишина и крај на другарството (ако чувствата не се взаемни).

Па, како да го направите тоа без да бидете повредени?

 go-sakate-najdobriot-prijatel1

Осигурајте се дека сакате да ја знаете вистината. Ако навистина го/ја сакате може да ве боли ако не го добиете истиот одговор од другата страна. Немојте да очекувате холивудски епилог.

Штом ви е најдобар другар треба да бидете искрени. Кажете дека сакате нешто да прашате, но само ако добиете ветување дека одговорот ќе биде искрен. Пробајте со “Што чувствуваш за мене?”.

Ако решите директно да го кажете тоа што го мислите, убаво размислете што ќе кажете. Можете да пробате со “Види, знам дека ова не го очекуваш, но дали имаш повеќе од другарски чувства за мене?”. Но, настапете вака само доколку сте сигурни дека ќе добиете позитивен одговор. Проблемот тука е што може да ве стави двајцата во непријатна ситуација ако другата страна не помислила на вас на ваков начин.

Не го правете ова по телефон или на чет. Можеби сте очајни да дознаете, но ова може да ја остави другата страна без зборови и да предизвика негативни последици.

Најдобар начин е физички да му се приближите на вашиот другар. Одете малку подалеку од вообичаеното. Ако не е заинтересиран/а веројатно ќе ви каже дека чудно се однесувате, или пак ќе го надополни вашиот потег ако има чувства за вас.

Бидете понежни со вашиот другар/ка. Ова ќе ја охрабри другата страна да развие подлабоки чувства за вас. Ако прерано го прашате вашиот другар дали ве сака, може сè уште да не е свесен за тоа и да направите чудна ситуација. Но, ако му дадете време и причина да размисли за врска со вас, ќе биде многу поотворен кон идејата.

Не паничете и не плачете ако не ви оди според планот! Немојте да дозволите тоа да го смени вашето другарство.

Прашајте го во право време. Не дозволувајте ова да се случи во гужва пред многу луѓе. Во спротивно може да го сфати на шега.

Ако каже не, немојте да се грижите дека ќе ве озборува и дека ќе бидете засрамени. Запомнете дека тој/таа е вашиот најдобар пријател.

И не заборавајте дека можете да ја дознаете реакцијата и пред да го/ја прашате. Давајте мали сигнали и следете го неговиот/нејзиниот говор на тело. Запомнете дека напнатоста не мора да значи “Не”. Немојте да бидете груби. И воздржете се закачкањето како опција да ги дознаете чувствата.

Доколку вашиот другар има партнер, осигурајте се другарството е навистина искрено и силно, за да не направите непријатна ситуација помеѓу тројцата! Размислете убаво пред да го направите ова бидејќи многу веројатно е одговорот да биде “Не.”

Но, сепак бидете храбри и дознајте го одговорот. Не дозволувајте да го поминете животот во “Што ако...”. Можеби ќе бидете изненадени од тоа што другата страна има да каже.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg