За што најчесто се расправаат паровите пред да раскинат?

Факт е дека расправите се неизбежен дел од секоја врска. Сепак, доколку забележите дека стануваат почести, можеби врската веќе не е тоа што била. Можеби конфликтите со партнерот сега се покомплексни и ретко се предизвикани од само еден проблем.

poradi-shto-najchest-se-raspravaat-parovite-pred-raskinuvanje-01.jpg

Доколку сте загрижени за вашата врска, добро би било да знаете кои се најчестите расправи на партнерите пред раскинување:

Секс

Сексот во врската нема секогаш да биде одличен, а кога не се задоволни, партнерите обично се обидуваат да го решат тоа со разговор. Но, доколку разговорот не помага, можете да забележите дека интимноста помеѓу вас згаснува.

Можеби партнерот почнал да спие во другата соба, постојано да е уморен или да нема време. Со текот на времето, расправите за сексот само ќе зачестат. Доколку страста исчезнала, можеби на вашата врска ѝ се ближи крајот.

poradi-shto-najchest-se-raspravaat-parovite-pred-raskinuvanje-02.jpg

Комуникација

Без добра комуникација не може да успее ниту една врска. Доколку забележите дека почнувате да премолчувате работи пред партнерот или, пак, тој речиси и да не споделува ништо со вас, нормално е да почнете да се расправате за тоа.

Доколку наместо разговор и двајцата одбирате да молчите и да се затворате во себе, ја осудувате врската на пропаст.

Заедничко време

На почетокот од врската сигурно едвај сте чекале да го видите партнерот, а можеби и постојано сте биле заедно. Со текот на времето нормално е ова да се намали, но доколку имате сè помалку време еден за друг, проблемот веќе е сериозен.

Вашата врска ќе страда доколку не одвоите време само за вас двајцата. По некое време ова ќе почне да ви пречи и ќе почнете да се расправате, а доколку не преземете нешто, најверојатно ќе се разделите.

poradi-shto-najchest-se-raspravaat-parovite-pred-raskinuvanje-04.jpg

Пари

Доколку живеете со партнерот и ги делите финансиите, одвреме-навреме ќе се појават конфликти за парите. Но, доколку имате сосема различни верувања и навики на трошење, можат да се појават проблеми што нема да ги решите.

Доколку едниот партнер троши повеќе, тоа може да претставува проблем за другиот, а со тоа ќе почнат и расправиите. Доколку не најдете решение, тешко дека љубовта ќе го победи овој проблем.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg